Од денеска почнува тестирањето на поставените уреди за „Безбеден град“. Граѓаните сметаат дека со поригорозни мерки ќе се постигне ефект во сообраќајната култура. Власта бара поддршка за измените на Законот за прекршоци, што неделава е на гласање во Собранието, последен од сетот закони за целосно да профункционира системот „Безбеден град“ од 1 февруари.
Опозициската СДСМ се сомнева во можна злоупотреба на големата база на податоци на граѓаните, учесници во сообраќајот, а има дилеми и за висината на казните. Од ДУИ денеска најавија дека ќе ги поддржат измените.
