Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Од денеска почнува новогодишната кошничка

Стапи на сила владината мерка “новогодишна кошничка,, која на граѓаните им донесе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стапи на сила владината мерка “новогодишна кошничка,, која на граѓаните им донесе пониски цени од минимум 10 проценти за околу 1000 производи. Со новогодишната кошничка се опфатени повеќе од 80 компании односно повеќе од 300 продажни пунктови во сите градови во Македонија.

Граѓаните задоволни од мерката на владата, велат дека доаѓа во вистинско време токму пред празниците кога потрошувачката е поголема од вообичаено, сметаат дека на овој начин се заштитени од ценовен шок и за празниците ќе можат да си дозволат повеќе на трпезата.

Граѓанин: Да задоволни сме, добро е вака

Реклама

Граѓанин: Задоволни сме, еве и од позарна инспекција има, контролираат, ќе биде нешто позитивно

Граѓанин: Не знам, ќе видиме кога ќе почнеме да пазариме за нова година, но се надевам дека ќе бидат намалени

Граѓанин: Искрен да бидам не забележав, се надевам од утре ќе биде повеќе видливо.

Граѓанин: Да задоволни сме.  

Мерката ја промовираше и премиерот Христијан Мицкоски  на својот фејсбук профил. Со мерката премиерот потврди дека владата се грижи за граѓаните и ги заштитува од ценовен шок.

Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат цела низа на производи како леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци и друго, стои во објавата.

Владата и ресорното министерство работат на проширување на производите кои влегуваат во кошничката во новата година. Министерот Дурмиши меѓу другото потенцираше дека постои реална можност за зголемување и на попустот на продуктите поголем од 10 проценти.

“Во текот додека трае оваа кампања до 15 јануари очекуваме уште компании да дадат производи кои ќе бидат со намалени цени од 10%, па и повеќе од 10%. Со оваа мерка директно им излагаме во пресрет на граѓаните, покажавме посветено работиме да го подобриме животниот стандард на граѓаните.“ изјави Дурмиши.

Од државниот пазарен инспекторат апелираат трговците да ја почитуваат мерката која ја донесе владата, ги повикуваат граѓаните доколку забележат дека нема измени во цените да пријават, а исто така најавени се и инспекциски контроли кои ќе ја следат состојбата на терен.

“Државниот пазарен инспекторат работи на терен и врши редовни контроли во сите маркети кои работат во недела. Можам да потврдам дека во маркетите се почитуваат мерките, цените се намалени за 10% и означени со соодветна ознака” изјави директорот на ДПИ Влатко Стојкоски.

Мерката новогодишна кошничка е предвидена да  трае еден месец, односно од 15 декември до 15 јануари.

Даниел Ѓорѓевски