Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Од денес возачките и регистрациите без НМК не важат

Иако истече важноста на возачките дозволи со старото уставно име на државата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако истече важноста на возачките дозволи со старото уставно име на државата, сепак полицијата нема да казнува туку ќе опоменува и ќе пишува укажувања. Додека пак личните карти на граѓаните со старото уставно име имаат важност до истекување на рокот.

Инаку доколку имате стара возачка дозвола казната изнесува 100 евра. Сепак, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски апелира до полицајците да не ги казнуваат граѓаните, туку да им пишуваат опомени.

Според него граѓаните не смее да плаќаат поради тоа што минатата власт не била способна навреме да си ја заврши работата.

Реклама

Исто така од денеска неважечки се и регистерските таблички на возилата со ознака МК.

Досега се издадени повеќе од 800 илјади возачки дозволи со новото уставно име на државата. Остануваат уште 150 илјади.

Граѓаните имаа обврска да ги променат патните исправи, личните карти и возачките дозволи, согласно Преспанскиот договор, по промената на уставното име на државата. Во договорот беше предвиден рок од пет години за промена на документите.

Во времето на министерот Оливер Спасовски издавањето на новите лични документи предизвика гужви и редици во просториите на МВР кај Mакедонската радио телевизија и на сите пултови за издавање на документи. Турканици и гужви имаше и за време на Короната, но и после тоа. Граѓаните беа гневни бидејќи со часови чекаа да стасаат до некојa од кабините за сликање на МВР. Како решение тогашното министерство на чело со Спасовски ја продолжуваше важноста на документите.