Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Од 4 август таблетарна терапија за онколошките пациенти во аптеките

Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија (анастрозол и летрозол) во аптеките, изјавија директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и Бранко Аџигогов.

– Денеска ќе биде објавен шифрарникот со важност од 4 август, од кога ќе можат пациентите на рецепт да подигнат терапијата од аптека. Значи пациентите треба да земат извештај од онколог, потоа на матичен лекар да земат рецепт, а од таму во аптека да ги подигнат лековите. Партиципацијата ќе биде околу 50 денари, истакнаа директорите на ФЗО.

Во врска со хормонската инјекција ресилиго, која ја примаат онколошките пациенти, директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски изјави дека тие пациенти во текот на идната недела ќе бидат известени кога и каде ќе можат да ја примат терапијата.