Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Прилози

🎥 Од 12 октомври почнува имплементацијата на системот за влез и излез во ЕУ

Одите на одмор во Грција, на прошетка во Франција или службено во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одите на одмор во Грција, на прошетка во Франција или службено во Германија – пристигнувате на аеродром или на граница, го покажувате пасошот – но наместо традиционалниот печат, застанувате пред камера и го ставате прстите на скенер.  Нема веќе печат или паушална проценка колку долго би престојувале, се ќе се регистрира дигитално. Од 12 октомври почнува имплементацијата на системот за влез и излез на Европската унија. Тој ќе се имплементира постепено до 9 април 2026 година, по што ќе биде целосно функционален, информираше ервоамбасадорот Михалис Рокас.

„Ова е мерка што има за цел да ја зајакне безбедноста, но истовременo олесни процесот на влез во ЕУ. Ќе биде прогресивна , но ќе го поедностави поминувањето на границата на државјаните од трети земји. Ова во пракса значи дека, кога државјаните на трети земји ќе влезат во ЕУ, ќе мора еднаш да се регистрираат со биометриски податоци, односно отпечаток од прст и фотографија и кога ова ќе се направи веќе второто влегување ќе биде побрзо. Кога ќе поминувате на контрола на аеродром ќе може да го користите автоматскиот премин што ќе е многу побрз начин за патување преку европските граници“, рече Рокас.

На првото влегување во ЕУ по активирање на EES надлежните ќе го скенираат вашиот пасош – ќе ве фотографираат и ќе ви скенираат четири отпечатоци од прстите по што вашите податоци ќе бидат зачувани во дигиталната база. Овие нови правила ги засегаат сите државјани на земји надвор од ЕУ кои влегуваат во Шенген зоната за краток престој – до 90 дена во било кој период од 180 дена но и оние патуваат без виза. Деца до 12 години, нема да има потреба да се фотографираат.

Реклама

Целта на овој систем е да се модернизираат граничните проверки, да се зголеми безбедноста и да се спречат илегална миграција и лажен идентитет. Ако одбиете да ве фотографираат и да ви ги земат податоците тогаш нема да ви биде дозволен влез на територијата на државите што го користат овој систем.

Од крајот на 2026 година стапува на сила уште едно правило за патување – еднократно ќе се плаќа 20 евра за новата онлајн дозвола за патување во ЕУ наречена ЕТИАС. Оваа дозвола ќе трае 3 години – Аплицирањето ќе се врши онлајн преку официјалната веб-страница. При апликацијата ќе се бараат лични и пасошки податоци, информации за професијата, прва земја на влез, како и безбедносни детали поврзани со кривични пресуди или патувања во ризични зони. Повеќето барања ќе бидат одобрени за неколку минути, но некои може да потраат и до 30 дена. Апликацијата може да биде одбиена доколку пасошот е неважечки или лицето претставува безбедносен ризик, но секој одбиен апликант ќе добие објаснување и право на жалба.