Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Очекуван „распад“ на СДСМ: Од глава владејачка партија до четврта политичка сила во Македонија

На СДСМ му се случува токму она што се очекуваше. Од главна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На СДСМ му се случува токму она што се очекуваше. Од главна владејачка партија до четрвта политичка сила во Македонија. Падот на СДСМ е и повеќе од очекуван, вели за Алфа политичкиот аналитичар Александар Ристевски. Според него најновите анкети, каде што партијата на Венко Филипче според бројките е под ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и коалицијата Вреди, не е никакво изненадување. До ваквите бројки доаѓа откако беа објавени голем број сомнежи за сторен криминал на претходната власт, како и кривичните пријави за дел од највисоките поранешни функционери. Според Ристевски ричината може да се бара и кај влијанието на Зоран Заев, преку неговиот најдобар другар Венко Филипче.

-Им претстои пасокизација, тоа е и повеќе од очигледно. Од една политичка структура која имаше стабилно членство, стабилна база, огромен број од нивните поддржувачи, затоа што во основа и не се држеа до оние барања и потреби на граѓаните им се случи одлевање на членството, како и да кажеме луѓе кои едноставно се дистанцираа од нив. Мислам дека се закочија и се залгавија и дека целосниот дебакл ќе го доживеат на локалните избори за десетина месеци, изјави Ристевски.

Покрај на СДСМ, паѓа рејтингот на ДУИ и тоа на анкети направени пред Артан Груби да биде ставен на американската црна листа. Според Ристевски, ваквиот тренд би требало да продолжи и во иднина, односно рејтигнот на партијата на Али Ахмети да продолжи да паѓа во пресрет на локалните избори.

Реклама

-Изминатите три години во горема мерка ги изгубија и огромниот број на единици на локална самоуправа, мислам дека прашање на падот на ДУИ е исто така извесен. И мислам дека е прашање на време кога уште повеќе ќе се намали поддршката од страна на граѓаните. Тие се уште имаат некој стабилен рејтинг, кој сега е пата-пата или нешто малку послаб од тој на Влен. Но сметам дека до крајот на годината, до локалните избори, за еден до два проценти дополнително ќе падне, изјави Ристевски.

Анкетата на „Маркет вижн“ покажува убедливо водство на премиерот Христијан Мицкоски пред сите други политички лидери. 27,2 проценти од граѓаните најмногу му веруваат нему, втор е Али Ахмети со 5,3 проценти, Максим Димитриевски и Венко Филипче имаат рејтинг од 3,6 проценти.  На партиските истражувања СДСМ од владејачка партија стана четврта политичка сила, со рејтијнг од само 3,9 проценти. ВМРО-ДПМНЕ има доверба кај 21,5 проценти од граѓаните, коалицијата Вреди од 5,5, а ДУИ 5,4.

Матеја Петровски