Реклама
Прилози

Очајнички потези на губитници: ДУИ од најмоќни во власта, до најголем очај во опозиција

Од најмоќни во власта до пад во најголем очај во опозиција. Ова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од најмоќни во власта до пад во најголем очај во опозиција. Ова е на кратко приказната на ДУИ, која сега од улога на губитник, последниов месец се обидува популистички да ја продаде идејата дека принципот „победник до пободник“, а кој тие самите го погазија во 2017-та, сега морал да се озакони.

Вакво законско решение би било противустано зашто во највисокиот правен акт јасно пишува дека мандатот го добива оној кој има освоено најмногу пратенички мандати, а за формирање Влада не е потребно ништо освен 61 глас.

Според познавачите ова не е ништо повеќе од обид да се привлече нивниот гласачки електорат пред локалните избори, кои следуваат во 2025-та година. Новинарот Џенур Исени за Алфа вели дека партијата на Али Ахмети во моментов се наоѓа во и повеќе од незавидна ситуација. 

Реклама

-Сета оваа идеја која ја прокламира ДУИ во последниве денови е да го привлече вниманието кај нивниот електорат, бидејќи сега се во очај што се опозиција и се обидуваат преку овие националистички идеи да го направи активно своето гласачко тело, бидејќи како што знаеме многу блиску се и локалните избори и им претстои тешка ситуација на ДУИ, изјави Исени.

ДУИ со години важеше за партија која имаше поддршка од странскиот фактор, но според политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи тоа се променило последниов период. За Алфа вели дека проблем плус за ДУИ може да биде што не станува збор за идеолошка партија, туку обична клиентелистичка организација, каде членството гледа само за своја корист, а партијата ја гледа како Агенција за вработување или пат до одредени тендери, кој сега е затворен.

-Европската Унија, НАТО и САД не стојат зад нив овој пат, под нивното барање дека секако мора да бидат дел од власт. Тоа разочарување сега кога го гледаат кај народот, значи бидејќи нивното члество пред се се клиентелисти и почнаа да атерираат по другите политички партии, а тоа го видоа од собирот што го имаа во Гостивар на 13-ти јули, каде беа празни местата, изјави Фаризи.

Доказ дека ДУИ не може да се помири со фактот дека се опозиција и тоа што контактирале странска адвокатска канцеларија со цел да се донесе закон дека власта морало да ја формираат победничките партии од македонскиот и албанскиот политички блок. Според Фаризи самото тоа што ангажирале обично адвокатско друштво, каде шеф е Пол Вилијамс, познат како еден од авторите на Охридскиот рамковен договор покажува дека ова е невозможно да се реализира.

-Тие за да го прават тоа си прават вакви егзибиции буквално, со тоа дека ангажирале експерт од странство кој е консултант, односно адвокатско друштво кој ќе им прави ревизија на самиот договор, за истиот каде од ДУИ го прогласија дека е завршен, имплементиран во целост, изјави Фаризи.

Исени вели дека токму ДУИ се првите кои го прекршиле правилото победник со победник, кога пред седум години решија да коалицираат со СДСМ, иако победник на изборите беше ВМРО-ДПМНЕ.

-Знаеме дека ДУИ оваа идеја што ја прокламира, да го озакони принципот победник со победник, прва го прекрши во 2016-та година. И како што знаеме Македонија е унитарна држава и Влада формира она мнозинство што има 61 глас и мислам дека ДУИ во овие недели во овие недели уште не научија да вбидат опозиција, изјави Исени.

На сепартиски собир на 13 јули, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети објави дека контактирал со  Вилијамс и му ја објаснил ситуацијата создадена во Македонија по изборите на 8 мај, при што го ангажирал експертот за меѓународно право да подготви прeдлог платформа за меѓуетничкиот легитимитет на институциите во согласност со Охридскиот договор.

Матеја Петровски