Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Oбвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина, дали родителите на Васил имаат умислена одговорност?

Родителите на Васил Јованов можно е да се соочат со кривична одговорност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Родителите на Васил Јованов можно е да се соочат со кривична одговорност поради тоа што, иако знаеле дека не поседува возачка дозвола и не смее да управува возило, му го дале клучот. Обвинителот наредил тие да бидат повикани на распит во полиција и согласно нивните одговори и доказите, би можело да се гонат за евенатуална умислена одговорност за сообраќајната незгода во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

Да ОЈО размислува и во таа носока бидејќи возилото е во сопственост на таткото, и за тоа се дадени наредби на МВР односно СВР Скопје, да ја испитаат целата генеза на тоа возило и на давањето на тоа возило на обвинетиот. Во однос на тоа му даваме третман на општа опасност, рече Бубевски.

И во претходната сообраќајка која ја предизвикал Јованов, возел без возачка дозвола, а бил и под дејство на алкохол, за што од МВР му изрекле прекршочни казни. Била поднесена и кривична пријава до обвинителите, но тие не се решиле кривично да го гонат односно платил само парична казна од 300 евра.Оправдувањето на Обвинителството е дека истата казна би ја добил и доколку го гонеле кривично, а на тоа се согласила и тогаш оштетената, тврди Бубевски.

По два месеци од сообраќајната незагода МВР поднесува кривична пријава, и наведува дека се изречени прекршочни казни за непоседување возачка дозвола и алкохол, за тоа кривично дело не е отфрлена пријавата меѓутоа е решена како онаа што законот го бара со непреземање на кривично гонење но со соодветна сума во полза на буџетот, на исти начин што би завршила доколку се поднесе соодветна налог или обвинителен предлог во Кривичниот суд. Бидејќи таа казнената политика и таа е казната која може да се изрече, парична казна или казна затвор до една година како алтернативна мерка која може да се изрече, рече Бубевски.

Реклама

Родителите би се гонеле согласно членот 317 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, каде децидно е наведено дека не смее да се дава возилото на некој без возачка дозвола.  Во меѓувреме одлуката на судијката ќе ја чешла Судскиот совет. Според претседателот Камбовски на утрешната седница ќе се формира Комисија која ќе одлучи дали биле направени пропусти во судската процедура.

„Започнавме со разгледување на случаите, а утре ќе формализираме комисија која ќе изврши увид во сите списи. По тоа, ќе излеземе со став дали има пропуст или не. Се разгледуваат сите забелешки кои беа изнесени во јавноста и ќе постапиме по нив“, изјави Камбовски.

Јавноста, а и семјеството на Фросина Кулакова уште од првиот ден бараат одговорност и за родителите на Васил Јованов, кој му овозможиле да вози кола без возачка дозвола.