Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Обвинителството бара притвор за Пеце Мирчевски

Ниту Пасатот, ниту Ауди КУ осмицата нема да му се потребни Пеце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту Пасатот, ниту Ауди КУ осмицата нема да му се потребни Пеце Мирчевски, доколку треба да патува кон Шутка, таму ќе го спроведат со полициско возило, а не со автомобилите поради кои заработи кривични пријави. Обвинителство бара притвор за поранешниот директор на СОЗР. Се сомничи за две кривични дела- примање поткуп и проневера во службата. Според обвинението противзаконски се збогатил со 85 илјади евра, а како мито добил и два автомобили. Осомничен е дека делата ги сторил додека бил на функција, но и после тоа.

-Осомничениот и откако бил разрешен од функцијата директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, од фирмата сопственост на второпријавениот продолжил да остварува директна материјална корист за себе и за својата сопруга, па за лични потреби и цели, без надомест, продолжил да го користи патничкото моторно возило “Фолксваген пасат”, како и уште едно возило марка “Ауди Q8”, за што му е поведена скратена постапка и согласно ставот 3 на кривичното дело – Примање поткуп, се вели во соопштението од ОЈО.

Последниов период сме сведоци на неколку кривични процеси поради сомнежи за сторен криминал од минатата власт. Според познавачите тоа е и повеќе од очекувано, бидејќи секој знае што се случувало во минатото, посебно во институција како што е СОЗР.

Реклама

-Претходната Влада со сите директори на СОЗР во континуитет се испостави дека има проневери и проблеми. Мислам дека ова не е издвоен случај, јавноста низ изминативе неколку години, па и промената на власта минатото лето беше и повеќе од јасно дека тоа што се случувало таму, во поголем или помал обем го има во огромен дел од институциите. Прашањето е само на тоа кога, што и како ќе се процесуира, изјави Ристевски.

Инаку, за второосмничениот- сопственик на фирма, кој го подмитил Мирчевски –  обвинителството бара мерки на претпазливост, односно забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница.

Матеја Петровски