Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Обвинителство: Палчо ја убил Вања со истрел во главата, таткото помогнал во грабнувањето

Дупката била претходно ископана, а обвинителството тврди дека сме го киднапирале детето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дупката била претходно ископана, а обвинителството тврди дека сме го киднапирале детето за да бараме откуп – обвинителниот акт и доказите се контрадикторни тврди Љупчо Палевски Палчо обвинет дека е  организатор и реализатор на убиствата на Вања и Панче. Палевски седна во обвинителна клупа заедно со останатите обвинетите, кои се товарат дека му помогнале во киднапирањата и двојното убиство. Тој практично застана во одбрана на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, за кого рече дека не го познавал, и дека двајцата, немаат каква било вина. Целиот предмет на обвинителството, Палевски го нарече политички монтиран случај.  

  • Јас бев киднапиран првите 7 дена. Ме донесоа на 15 мај во затворот во Скопје, но 7 дена не добив никаков акт. После ме донесоа со медиуми, со „калашникови“, 6 дена ме држеа, судијата на претходна постапка Душан Јосифов изврши кривично дело. Ова е политичко монтирано судење. Регуларно заминав за да направам магнетна резонанца на мојата кичма која 70 отсто не е во функција“ – рече Палевски.

И помагачите на Палчо, чии постапки се детално опишани во обвинението, а двајца од нив во истрагата признале вина, сега во судницата рекоа дека не се чуствуваат виновни. Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, тоа ќе го докажале во судската постапка. Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој се товари дека помогнал во грабнувањето, побара од судот да му дозволи да помогне во расветлување на целиот случај.

  • „Чувствувам болка и агонија која не може да се објасни со зборови. Но сепак, од друга страна чувствувам и обврска и кон Вања и кон Мина, нели… Дека се ставам на располагање, за да се разреши целата оваа работа и конечно во детали, со имиња и презимиња. Со тоа што го наведе мојот адвокат, кога дефенитивно ќе се потврди, тогаш ќе бидам слободен “, рече Ѓорчевски.

Според адвокатот таткото на Вања е жртва и  како што рече брани потполно невин човек.

Реклама
  • „Александар е жртва, тој е оштетен во оваа постапка, тврдам дека секој родител кому би му се случило вакво нешто би го презел апсолутно истото тоа што го презел тој, би водел своја самостојна истрага. Сведоци сте дека обвинението се темели токму на доказите што ги прибавил Александар и тоа со знаење и со согласност на полициските службеници за кои барам да бидат испитани да видиме како ја воделе постапката“, рече адвокатот.

Со пиштол со калибар од 9 милиметри и преку перниче кое го нашол на местото на убиството обвинетиот Љупчо Палевски Палчо пукал во главата на Вања Ѓорчевска кажа обвинителката пред судот, кој претходно и го одби барањето – јавноста да биде исклучена од целото судење. Обдукцијата покажала дека Вања во десната хемисфера од мозокот имала рана и огнострелен канал од 34 сантиметри кој минувал низ вратот до четвртиот пршлен од ‘рбетот.

Според обвинителите убиството на Вања и Панче е еден од најтешките кривични настани во нашата земја.