Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Прилози

Обвинителскиот тим поголем и од фудбалски – За слупчајот „Кочани“ 15 обвинители, спроти 34 обвинети

Тимот обвинители што ќе го застапуваат обвинението за трагедијата во Кочани е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тимот обвинители што ќе го застапуваат обвинението за трагедијата во Кочани е поброен од фудбалски тим. Прв случај во Македонија со 15 обвинители, иако во минатото многу поголеми судски процеси со над 70 или 80 обвинети се судеа со само еден обвинтел. Од Обвинителството овој феномен го појаснуваат дека е поради недостигот на кадри, односно не можело двајца или тројца обвинители да бидат ослободени од други предмети и да се сконентрираат само на пожарот во „Пулс’. И не само ова, тврдат 15 обвинители се гаранција дека судењето никогаш нема да се одложи, поради отсуство на обвинител. Иако судење може да се одложи и поради други причини, отсуство на судија или отсуство поради болест на обвинет, сепак според Обвинителството е една одглавните за да се ангажираат толкав број на обвинители.

Дополнително, причина е и недостатокот на кадровски ресурси во обвинителството и огромниот број други предмети по кои мора да постапуваат обвинителите, што не дозволува товарот на застапување да го понесат само 1 или 2 обвинители. Јавните обвинители од почеток на истрагата се поделени во тимови и така ќе продолжат да го застапуваат обвинението и да ги презентираат доказите, инфомираат од Јавното обвинителство.

Судењето за трагедијата во Кочани која однесе 63 животи, не е со најмногу обвинети во македонската судска пракса. Имало и многу пообемни  предмети, со повеќе обвинети и со над 400 тини страници обвинение, но беа застапувани од само еден обвинител. Исто така, праксата покажува дека времетраењето на судските процеси не зависи од бројот на обвинети.

Реклама

Пред повеќе од десетина години во три судски процеси, Змиско 1, Змиско 2 и Калдрма, околу 180 вработени во „Македонија пат“ беа обвинети за злуопотреба на положбата и за злосторничко здружување, односно дека на патарините не им издавале фискални сметки на возачите, а парите ги ставале в џеб, па си ги делеле, и на тој начин заработиле неколку милиони евра.

Двата судски процеси под кодното име Змиско око траеја повеќе од една деценија и заглавија во судските лавиринти. Змиско око 1 финишираше со околу 40 години вкупна затворска казна, а во Змиско око 2 дел од обвинетите беа ослободени, а за дел застаре кривичното дело.

Третото продолжение од судењето за патарините е процесот наречен Калдрма и е дефинитивно најобемниот.  Таму за 86 обвинети имаше пресуда за само една година.

Во  процесот „Метастаза“ беа 38 обвинети за злоупотреби со инвалидски пензии. Судењето траеше две години и половина од обвинетите добија казни затвори.