Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Обвинителскиот совет останува во ист состав на чело со Душица Димитриевска

Душица Димитриевска не размислува за оставка од челната позиција во Обвинителскиот совет. …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Душица Димитриевска не размислува за оставка од челната позиција во Обвинителскиот совет.  Претседателката на Советот ова го изјави денеска, откако Весна Дамева си замина од претседателската функција во Судскиот совет. Таа вели дека членовите во советот, работеле според законите.

  • „Ние како институција, нашите заложби се борбата против корупцијата и придонес во таа борба. Ние сме на линија со сите други институции кои се залагаат за борбата против корупцијата. Сметам дека ние како Совет не сме дозволиле во ниту еден момент да бидеме посочени во негативен контекст во ниту еден од извештаите, ниту од домашните експерти ниту од меѓународните. Така да нашата работа ја вршиле согласно законот, согласно нашите законски надлежности, непристрасно така и ќе продолжиме. Не не можам да коментирам изјави на политичари, не би сакала.. Оставка нема да поднесете? – Не, не размислувам“ одговори Димитриевска

Советот на јавните обвинители оцени и дека Љупчо Коцевски не вршел влијание на суспендираниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, иако тој тврдеше дека доставил службни белешки за да ги докаже притисоци од републичкиот обивнител. 

  • „До Совет на ЈО, беше поднесено известување со прилог службени белешки од вишиот јавен обвинител и јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство. По дискусијата членовите донесоа заклучок дека не е извршено влијание врз работата на вишиот јавен обвинител и јавниот обвинител од ВЈО во Скопје и не е нарушена самостојноста во нивното работење“ рече Димитриевска. 

Претседателката Димитриевска и нејзиниот колега Башким Бесими ќе останат членови и во Управниот одбор на Акдемијата, иако Антикорупциска смета дека тоа е спротивно на законите и има судир на интереси. Антикорупционерите најавија дека ќе ја чекаат конститутивната седница на Управниот одбор за да видат кои дејствија ќе ги преземат ако спорните членови не си поднесат оставки. Според ДКСК, Димитриевска и Бесими од обвинителскиот и Ханиф Зендели и Антоанета Димовска од судскиот совет не смеат да извршуваат двојна функција.