Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Обвинителите влегоа во Академијата за судии и обвинители – Сериозни индиции за злоупотреби

Конечно по неколку години скандалозно однесување на Академијата за судии и јавни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конечно по неколку години скандалозно однесување на Академијата за судии и јавни обвинители од која излегоа како судии и обвинители синови, ќерки и сопруги  на функционери, Обвинителството за организиран криминал отвори истрага за злоупотреби, корупција, а најверојатно и за непотизам. Телефонот на врховниот судија Наќе Георгиев кој веќе е притворен, упатува на друг криминал најверојатно поврзан за скандалозните уписи и полагања на кандидатите за судии и јавни обвинители коишто се случуваа изминативе години.

Врховниот судија е во притвор за земање мито, но дали тој има некаква врска и со кандитатскиот статус на неговиот син Кирил кој го имаше на Академијата за судии и јавни обвинители, а од лани е избран за судија на Кривичниот суд?

Обвинителство не открива дали од двете одземени досиеја на еден поранашен и еден актуелен кандидат, е и досието на сега веќе избраниот судија Кирил Георгиев. Истражителите на Обвинителството и МВР одземаа и два телефони на вработено во лице во Академијата.

Реклама

Во рамките на предмет против врховен судија, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција при анализа на телефонот на осомничениот дојде до сознанија што упатуваат на можно сторување на друго кривично дело, велат од Обвинителство.

Сепак, истражителите не се интересирале само за телефоните на вработениот, туку вршеле преглед и врз целосната документација за седмата, осмата и деветтата генерациија на слушатели чие школување е во тек.

Академијата се уште нема распишано оглас за директор откако пред две недели оставка си даде директорката Наташа Дамјановска Габер. Минатата недела управниот одбор одржа седница на која донесе одлука да распише оглас, но сепак се уште нема одобрение од Министерството за финансии.

Исто така, Владата ја задолжила Академијата да не вработува нови слушатели бидејќи претходните согласности не биле усогласени со државниот буџет. Стопиран е и процесот на селекција на кандидатите кои се пријавија за судии и обвинители.