Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Обвиние за 13 полициски службеници за тешки дела против општата сигурност за случајот „Кочани“

Обвинителството за гонење на организиран криминал поднесе едно обвинение и уште два…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството за гонење на организиран криминал поднесе едно обвинение и уште два обвинителни предлози за 23 полицајци поврзани со пожарот во кочанската дискотека Пулс. Од нив, 13 се товарат за тешки дела против општата сигурност, а останатите за злоупотеба на службената положна.

Според обвинителството, десет полицајци влегле во дискотеката кобната вечер два ипол часа после полноќ да извршат акциска контрола. Едниот од нив почина за време на истрагата, а на другите ќе им се суди за тешки дела против општата сигурност. Според сомнението тие не го спречиле палењето на пиротехниката, забележале малолетници и не реаиграле и не провериле дали локалот има дозвола за употреба на пиротехника. Останатите кои се товарат за злоупотреба им се става на товар тоа што со години биле надлежни да вршат проверки за безбедноста, јавниот ред и мир во дискотеката и за паркинг просторот. Иако кабарето не ги исполнувало условите, тие давале амин и со тоа сопственикот си добивал лиценца.

„Обвинетите не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценца за вршење на угостителска дејност на кабарето „Пулс” во Кочани и овозможиле истото да добие лиценца во 2022 и 2023 година, а со намера да прибават имотна корист за правното лице во вкупен поголем износ од 284.576,00 денари за 2022 година и имотна корист за неформалниот сопственик на клубот, во вкупен поголем износ од 335.916,00 денари бруто плата“, велат од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Реклама

Уште тројца полицајци се гонат за злоупотреба на службената положба. Тие години наназад влегувале во дискотеката да вршат проверки и пишувале прекршочни пријави до фирма на соптвеникот Дејан Јован Деко која не е активна, со цел тој да има шанса да ги избегне глобите.

Седуммина од овие полицајци најпрво беа осомничени за тешки дела против општат сигурност, но бидејќи обвинителството не пронашло нивна поврзаност со смртните последици, сега ќе одговараат за злоупотреба.

За сите обвинети има активни мерки за претпзливост за обезбедување на нивно присуство во судската постапка.

Сега се очекува Кривичниот суд да ги оцени обвиненијата и да влезат во судска постапка.