Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март

Во Основен суд Штип денеска почнa судењето против 74-годишниот Денис Асанов, обвинет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Основен суд Штип денеска почнa судењето против 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова од Штип.  Обвинетиот Асанов не признава вина за делото што му се става на товар. Судечкиот судија, Јулијана Недкова кога го праша обвинетиот Асанов дали се чувствува виновен за стореното дело што му се товари, Асанов катагорични одговори „апсолутно не“. 

Обвинителката од Основното јавно обвинителство (ОЈО)-Штип, Тања Кацарова во воведните зборови рече дека убиството се случи лани. Обвинетиот Асанов со тврд предмет и скршил ребра на Николова, а потоа со остар предмет нож и ја пресекол главата и нозете, по што оштетената починала. Нозете и главата ги сокрил на непознато место, а трупот го закопал во дворот од куќата. Сведокот Дона Огнанова, која воедно е сестра на починатата, во судницата рече дека Борјанка живеела кај нејзе, бидејќи немала семејство. Посочи дека речиси секој ден излегувала на прошетка, но секогаш се враќала за спиење. Последен пат кажа дека ја видела на крајот од септември, кога Николова се дотерала и и рекла да и повика такси, по што заминала.

Според исказот кој го дал обвинетиот Асанов пред Основното јавно обвинителство Штип, мотивите биле љубомора и љубовни недоразбирања. По  убиената жена се трагаше неколку дена, а исчезнувањето го пријавила нејзината сестра, која денеска пред Судот даде исказ.

Реклама

Според податоците од МВР, на 24 октомври 2025 година, 84-годишната сестра на жртвата пријавила дека Борјанка Николова се оддалечила од домот. На 10 ноември, по судска наредба, бил извршен претрес во домот на обвинетиот Асанов, при што биле пронајдени траги од крв и други предмети поврзани со убиството. По претресот, обвинетиот бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор. Дополнителните вештачења и разговори со обвинетиот довеле до детално објаснување на начинот на извршување на кривичното дело, се наведува во соопштението на МВР објавено на 16 ноември 2025 година.

Судечкиот судија, Јулијана Недкова најави дека судењето продолжува на 18 март во 9.30 часот во Основниот суд во Штип.