Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Обвинение за криминал со средствата од ИПАРД

Наместо дел од европските пари да завршат кај земјоделците, завршиле во обид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо дел од европските пари да завршат кај земјоделците, завршиле во обид за поткуп од 50 илјади евра. Поднесено е обвинение за аферата ИПАРД.Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинетите се „лизнале“ токму на парите, нудејќи и делејќи мито за да протуркаат апликација што не ги исполнувала условите.

Во шемата се вмешани девет луѓе и едно правно лице, меѓу нив и државни службеници од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството кои, иако знаеле дека апликацијата не смее да помине, сепак ја одобриле за пари.

Четворица се зад решетки, еден е во куќен притвор, а обвинителството бара продолжување на мерките и одземање на телефони , дигитални уреди и над 35 илјади евра, плус денари и швајцарски франци. За другите државни службеници се предлагаат мерки на претпазливост – забрана да работат во Агенцијата, одземање на пасошите и обврска редовно да се јавуваат кај надлежен орган.

Реклама

Првообвинетиот, како управител на фирма, аплицирал за финансиска поддршка на јавен повик од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Бидејќи фирмата не ги исполнувала условите, апликацијата била лошо рангирана и не требало да добие пари. За да ја смени одлуката, управителот во повеќе наврати нудел и давал мито. На едно раководно лице во Агенцијата му бил ветен подарок од 50.000 евра, а на уште три лица им биле дадени по 5.000 евра за да влијаат врз постапката и да обезбедат незаконско одобрување на средствата – се вели во соопштението на ОЈО ГОКК.

Обвинетите, со погрешни пресметки и нецелосна документација, тие ја одобриле финансиската поддршка што не смеела да биде одобрена.

„Обвинетите постапувајќи спротивно на своите службени обврски, овозможиле незаконско одобрување на апликацијата. Тие при обработка и контрола на документацијата извршиле погрешна пресметка на исполнетоста на условите и врз основа на некомплетна документација го изработиле, контролирале и одобриле Образецот за контрола на комплетност на договорот, а потоа и Решението за одобрување на финансиска поддршка. Второобвинетиот во Обвинителниот акт, иако бил свесен дека правното лице не ги исполнува законските услови, го потпишал решението со намера да го прими ветениот подарок , се вели во објавата на ОЈО ГОКК.

Освен овој случај, Обвинителството проверува и други можни злоупотреби на ИПАРД парите.

Аферата со фондовите излезе на виделина во ноември минатата година. Тогашниот актуелен директор на Платежната агенција, Илија Стоилев, беше приведен од страна на полицијата и затекнат како прима поткуп.Обвинет е дека прифатил пари за да одобри европски субвенции на фирма што ги аплицирала средствата.