Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Обвинение против десетмина за криумчарење луксузни автомобили

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истрагата и поднесе обвинение против десет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истрагата и поднесе обвинение против десет лица осомничени за учество во криумчарење на луксузни автомобили и фалсификување службени и други исправи.

Во текот на 2021 и 2022 година, обвинетите со користење на лажни документи и преправени броеви на шасија внеле во државата автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага или на друг начин ја избегнувале царинската контрола.

Двајца од обвинетите се службени лица – референти од Одделението за управни работи во Министерството за внатрешни работи (МВР). Тие овозможувале регистрација на возилата иако знаеле дека се криумчарени. Некои од возилата биле повеќекратно препродавани меѓу обвинетите за да се прикрие потеклото, по што биле отуѓувани на крајни корисници.

Реклама

Во активностите учествувал и 11-ти осомничен, државјанин на Република Грција, за кого кривичниот прогон ќе биде предаден на грчките органи.

Јавниот обвинител, заедно со обвинението, доставил предлог до судот за продолжување на претходно определената мерка притвор за четворица од обвинетите. Едно лице е во бегство, за кое е распишана меѓународна потерница поради инволвираност во сличен случај на криумчарење автомобили што го водело Основното јавно обвинителство Скопје. За еден од обвинетите се применуваат мерки на претпазливост, се наведува во соопштението на ОЈО.