Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Објавен вториот повик за инфраструктурни проекти во општините тежок 250 милиони евра

До 30 април е рокот во кој општините ќе можат да аплицираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 30 април е рокот во кој општините ќе можат да аплицираат со проекти, а почнува денеска. Владата го објави и вториот јавен повик. Општините имаат на располагање 15 милијарди денари, средства кои Владата ги обезбеди од унгарскиот кредит по поволни услови.

Министерот за локална самоуправа, Перински, рече дека крајниот рок е продолжен до крајот на април, за да им се излезе во пресрет на градоначалнциите, да ја соберат потребната документација.

„За разлика од првиот јавен повик, во овој втор јавен повик оставен им е многу подолг период за апликација на општините, затоа овој втор јавен повик е екстензивен и трае до 30 април. Доколку некоја општина и фали некоe одобрение дополнително, ќе може да отпочне јавна набавка, а во текот на постапката да го дообезбеди тој документ“, изјави Златко Перински, министер за локална самоуправа.

Реклама

Распределбата на средствата ќе се одвива по два критериума. Првиот е според бројот на резидентно население во општината согласно последниот попис, а вториот е дека градоначалниците ќе мора да ја имаат целата комплетна проектна документација, со сите потребни дозволи и предмети не постари од 12 месеци.

„Право на учество имаат општините и општините во градот Скопје кој може да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од областа на културата, спортот животната средина, патната инфраструктура, како и од областа на социјалната политика и образованието“, рече Златко Перински, министер за локална самоуправа.

Перински рече дека првиот јавен повик веќе ги дава посакуваните резултати и дека најголем интерес кај градоначалниците имало за реализација на проекти од патната инфраструктура.

На првиот повик беа избрани 288 проекти на 80 Општини. Од нив 50 веќе се реализираат, а 251 се со завршени постапки за јавни набавки или се во крајна фаза. Само за 37 проекти уште не е почната тендерската постапка.

Љубиша Владимиров