Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините, изјави денеска денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по објавувањето на програмските приоритети за 2026 од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмус+“ на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За набавка на автобуси ќе се користи кредит со рок на отплата од вкупно 15 години и каматна стапка од 3,25 проценти преку меѓувладин договор со Унгарија. 

Мицкоски посочи дека кредитот ќе биде под исти услови како и претходно, со каматна стапка од 3,25 проценти, три години грејс-период и дополнителни 12 години отплата, што ќе значи вкупно 15 години задолжување на државата во рамките на стратешкото партнерство со унгарската влада.

Реклама

– На владина седница донесовме одлука во рамките на влада со влада договорот што го имаме со Унгарија дел ќе биде кредит под исти услови што ги имавме во претходниот случај, односно три години грејс-период и дополнителни 12 години отплата, значи 15 години со истата каматна стапка – рече Мицкоски.

Град Скопје, додаде, претходно побарал 250 автобуси, но, како што рече, во оваа фаза ќе добие дел од нив заедно со полначи, како и другите општини што имаат организиран јавен превоз за кои Мицкоски рече дека исто така ќе добијат дел од побараните автобуси.

– Град Скопје во претходна анкета побара 250 вакви автобуси, за него ќе бидат отстапени 100 автобуси со 50 полначи, а другите општини, кои имаат организиран градски превоз, побараа, мислам дека беа 89 автобуси, а ќе добијат 50 со 25 полначи – рече Мицкоски.