Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Обезбедени дополнителни средства за инвестиции во образовната инфраструктура и енергетската ефикасност

Договор за заем вреден 40 милиони евра за реализација на втората фаза…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Договор за заем вреден 40 милиони евра за реализација на втората фаза од инвестициите во образовната инфраструктура и договор за дополнителен грант од 1,25 милион евра за зголемување на енергетската ефикасност се потпишани денеска со Германската развојна банка КфВ.

Како што информира Министерството за финансии, со договорот за заем се обезбедуваат дополнителни 40 милиони евра за реализација на втората фаза од инвестициите во образовната инфраструктура, со фокус на подобрување на условите за престој и учење на учениците и студентите, како и за зголемување на енергетската ефикасност на јавните објекти. Инвестицискиот циклус опфаќа продолжување на реконструкцијата на државните студентски домови, при што домовите „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ веќе се во активна фаза на обнова, како и темелна реконструкција на преостанатите државни студентски домови. Паралелно, ќе се реализира и обнова на седум државни училишта со ресурсни центри, кои имаат клучна улога во обезбедувањето инклузивно образование за учениците со посебни образовни потреби.

Преку програмата, пак, за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан, поддржана од Европската Унија, обезбеден е дополнителен грант во висина од 1,25 милион евра. Овие средства се наменети за подготовка на проектната документација, спроведување енергетски контроли, изработка на детаљни проекти и спроведување тендерски постапки, што претставува значајна поддршка за навремена и квалитетна реализација на инвестициите.

Реклама

Договорите беа потпишани од страна на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и Пабло Алварез Обрадор, директор за енергетика за Југоисточна Европа и Турција во Германската развојна банка КфВ.

– Со потпишувањето на договорите Министерството за финансии ја потврдува својата стратешка определба за обезбедување поволни финансиски средства за реализација на капитални инвестиции со долгорочно влијание, како и зајакнување на партнерството со меѓународните финансиски институции и Европската Унија. Оваа инвестиција ќе придонесе за унапредување на квалитетот на образовниот систем, подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард, зголемување на енергетската ефикасност на јавните објекти и намалување на емисиите на јаглероден диоксид во насока на одржлив и инклузивен економски развој – се наведува во соопштението.