Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Објавен конкурсот за фестивалот на детски песни „Радика Фест 2026“ – Дебар

Објавен е конкурсот за фестивалот на детски песни „Радика Фест 2026“ кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Објавен е конкурсот за фестивалот на детски песни „Радика Фест 2026“ кој по 17-ти пат во месец мај ќе се одржи во Дебар. Конкурсот трае до 15 идниот месец.

-Песните треба да бидат необјавени, а текстовите да бидат со тематика од детското секојдневие.  Материјалот се доставува на ЦД или УСБ (финална снимка) а возраста на изведувачите е од 7 до 15 години. Сите учесници на овој детски музички фестивал предходно треба да се пријават на аудиција за да учествуваат на фестивалот изјави директорот на фестивалот, Зинче Мимидиноски.

Додаде дека овој фестивал како проект од национален интерес е поддржан од Министерство за култура и туризам, општина Дебар, Центар Жупа, Маврово-Ростуше и други.

Реклама

Фестивалот, кој е еден од најзначајните културни настани, првото издание го имаше во далечната 2010 година, со залагање на големиот ентузијазам на младиот дебарски музичар Јасмин Мимидиноски потпомогнат од познатиот дебарски композитор Зинче Мимидиноски.

Во изминатите 16 години, во продукција на фестивалот изведени се  над 220 авторски композиции и со над 250 учесници од Дебар и дебарско, Маврово и Ростуше, Центар Жупа, Струга и Струшко, Охрид и други места од републикава.