Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Објавен јавен повик за пријавување интерес од трговските компании за учество во програмата за ваучери за инвертер-клими за ранливи домаќинства

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен оглас за пријавување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен оглас за пријавување интерес од страна на правни субјекти што вршат трговија со високоефикасни инвертер-клима уреди, со што почнува практичната реализација на програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија. Како што инфомрираат од Министерството, основната цел на јавниот повик е обезбедување директна поддршка за домаќинствата што спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија преку доделување потврда – ваучери за набавка и вградување високоефикасни инвертер-клима уреди.

– Со програмата е предвидено секое домаќинство, кое ќе добие ваучер, да може да набави и да инсталира високоефикасен инвертер-клима уред во вредност до 28.000 денари, со вклучен ДДВ, кај компании што ќе склучат договор со Министерството по спроведување на јавниот оглас. Право на учество имаат сите правни субјекти регистрирани во Централниот регистар на Македонија, кои вршат трговија со високоефикасни инвертер-клима уреди, а избраните компании ќе имаат обврска да обезбедат уреди со најмалку енергетска класа А+, нивна монтажа на адресата на корисникот, како и гаранција од најмалку две години, без дополнителни трошоци за граѓаните – соопшти Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Од таму ги повикуваат сите заинтересирани компании активно да се вклучат во реализацијата на програмата и да придонесат кон нејзино успешно спроведување.

Реклама

Јавниот оглас, условите за пријавување и потребната документација се достапни на веб-страницата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини: https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-oglas-za-prijavuvanje-subjekti-koi-vrsat-trgovija-na-visokoefikasni-inverter-klima-uredi

– Оваа мерка претставува конкретен чекор во намалување на енергетската сиромаштија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата обезбедувајќи поекономично и поодржливо греење за граѓаните што имаат најголема потреба од поддршка. По завршувањето на постапката по јавниот оглас и по објавувањето на листата на компании со кои Министерството ќе склучи договор, истовремено ќе бидат објавени и списоците на лицата што стекнале право на користење на оваа субвенција. Со тоа ќе се создадат услови веднаш да почне процесот на доделување ваучери и набавка и инсталација на високоефикасните инвертер-клима уреди, без дополнителни административни одложувања, со цел навремена и ефикасна реализација на мерката во интерес на граѓаните – прецизираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.