Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

ОЈО Скопје ги испитува наводите на Жан Митрев дека Заев и Филипче сакале да му ја преземат клиниката

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека постапува по предмет оформен по допрен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека постапува по предмет оформен по допрен глас од Јавното обвинителство на Македонија, откако доктор Жан Митрев јавно изнесе тврдења дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство вршеле притисок врз него за продавање на сопственичките удели во Клиниката „Жан Митрев“ – Скопје.

Предметот кој го води скопското обвинителство е оформен по допрен глас на 21 јануари.

– Во предметот се вршат проверки со цел да се испита евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност – наведуваат во соопштението од ОЈО Скопје.

Реклама

Жан Митрев во новинарско интервју за ТВ Алфа изнесе тврдења дека бил изложен на притисок од високи политички функционери. Според неговите изјави, поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, барале од него да им ги продаде сопственичките удели во клиниката „Жан Митрев“.