Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Прилози

Новото раководство на ССК ги претстави своите приоритети во работењето

Лебот нема да поскапи. Жетвата и приносите се стабилни, па граѓаните нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лебот нема да поскапи. Жетвата и приносите се стабилни, па граѓаните нема да почувствуваат нови ценовни шокови,вели новиот претседател на Стопанските комори на Македонија. Посочи дека и покрај војната во Украина, нема опасност за зголемување на цената ниту на пченицата, ниту на суровото сончогледово масло.

Првиот човек на сојузот на стопански комори Горан Ѓорѓиевски, додава дека Владата треба да ги стимулира домашните производи, со цел подобар стандард на граѓаните и посилна поддршка на домашните компании.

Сојузот неодамна доби ново раководство, а заложбите на претседателот Ѓорѓиевски се насочени кон малите и средните претпријатија, кои учествуваат со дури 97 проценти во економијата.

Реклама

Нивните приоритети се јасни – поголема продуктивност, поконкурентни компании и полесен пристап до финансии. За тоа, велат, потребни се инвестиции во нови технологии, автоматизација и обновливи извори на енергија, што ќе донесе финансиски бенефит за фирмите и зголемување на извозот.

Ѓорѓиевски предлага и грант-шеми за малите компании, за полесно да доаѓаат до средства за развој.

„За да имате раст на продуктивноста, тука се врзува темата на техничко-технолошките средства, темата на инвестиции во автоматизација на процесите… Кај нас иако имаме раст на вработувањата, во ист момент имаме минимално подигнување на продуктивноста, како процес кој е особено значаен.“- изјави Горан Ѓорѓиевски.

Но, најголемиот предизвик останува – недостигот на работна сила.

Како решение, комората предлага дел од вработените во јавната администрација да преминат во приватниот сектор, а ако тоа не е доволно, како крајна мерка – увоз на странски работници.

Ѓорѓиевски предупредува дека растот на платите мора да оди рака под рака со раст на продуктивноста. Според него, минималната плата треба да има одржлив баланс, бидејќи секое покачување повлекува зголемување и на сите останати плати, што малите компании тешко го издржуваат.

Во однос на цените, тој е дециден – бизнисот не е за замрзнување на маржи, туку за пазарно формирање.

Меѓу идните приоритети Ѓорѓиевски ги посочува дигитализацијата, поддршката на иновациите, пристапот до евтини кредити и грантови, како и поголема едукација на кадрите, за младите да останат во државата.

Новото раководство најавува и формирање на комора за енергетика и рударство и посебна канцеларија за што поголема реализација на проекти. Ѓорѓиевски уверува дека отсега Сојузот ќе биде на страната на компаниите и секогаш зад интересот на бизнисот.