Реклама
Економија

Ново поскапување на горивата – РКЕ со повик трговците да ги формираат цените пониско од утврдениот максимум

Ново поскапување на горивата. Литар дизел поскапува за 6,5, а 95-ката, 98-цата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ново поскапување на горивата. Литар дизел поскапува за 6,5, а 95-ката, 98-цата и Екстралесното масло за домаќинства за 7 денари за литар – одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Оттаму објаснуваат дека цените се зголемуваат за 8,98% во просек. Тоа значи дека новата цена на дизелот достигна 92 денари. Еуросупер 95 ќе се продава за 86,5 денари за литар, 98-цата за 88,5 денари за литар. Новата цена на екстралесното масло е пак, 89,5 денари за литар. Поскапува и мазутот за 4,867 денари за килограм и неговата малопродажна цена се покачува на 47,453 денари за килограм.

ЦЕНИ НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ

ДИЗЕЛ                                                                       92 ДЕН/Л

Реклама

ЕУРОСУПЕР 95                                                      86,5 ДЕН/Л               

ЕУРОСУПЕР 98                                                       88,5 ДЕН/Л

ЕКСТРАЛЕСНО МАСЛО ЗА ДОМАЌИНСТВА      89,5 ДЕН/Л

МАЗУТ                                                                    47,453 ДЕН/КГ

Од регулаторна објаснуваат дека горивата изминатата седмица поскапеле за речиси 17%, дизелот за 11,7 отсто, додека курсот на денарот во однос на доларот бил повисок за 0,85%. Во образложението на Регулаторна пишува дека трговците можат да одат и со два денари пониски цени, колку што изнесува попустот од ОКТА кон нив.

„РКЕ им укажува на нафтените компании да ги намалат малопродажните цени за 2 денари по литар, согласно договорениот попуст од страна на Владата со главниот добавувач ОКТА, со што ќе овозможат бенефитот од ова намалување директно да го почувствуваат граѓаните“ – РКЕ.

Ова значи дека на полноќ горивата и дизелот можат наместо 6 и пол и 7 денари, да бидат повисоки за 4,5, односно 5 денари по литар. Од комисијата додаваат дека бензинските пумпи реално, можат да одат и со пониски маржи од максималните. Претходно и министерката за енергетика Сања Божиновска рече дека тие имаат големи профити и дека треба да покажат општествена одговоорност во вакви ситуации.

Со ова покачување, горивата од минатиот понеделник во два наврати поскапеа вкупно 12 денари, а дизелот 21 денар. И покрај тоа, Македонците возат по скоро најниски цени во регионот. Бензините с епродаваат по 1,40 евра. Поевтини горива од нас имаат Бугарија и Косово, а поскапи Србија со 1,54 евра, Босна и Херцеговина и Србија со 1,54 евра, Албанија со 2 евра по литар. Дизелот пак од 1,49 евра е поскап единствено од Босна и Херцеговина со 1,43 евра, додека вцо сите останати држави цените варираат од 1,50 до 2,17 евра по литар. Регулаторната комисија го измени Правилникот да ја определува цената на горивата секој понеделник, а не по потреба ако тие поскапат односно поевтинат повеќе од два денари.