Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Новите еврообврзници се со рочност од 4 и 8 години – такво нешто не се случило повеќе од 20 години

Успешно издадена новата 10-та по ред еврообврзница во две транши од по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Успешно издадена новата 10-та по ред еврообврзница во две транши од по 500 милиони евра или вкупно една милијарда евра. Првата е со помала рочност од 4 години и каматна стапка од 3,875%, а другата е издадена на 8 години со каматна стапка од 4,75% што според надлежните се најниски каматни стапки согласно пазарните услови. Министерката за финансии е задоволна од огромниот интерес на инвеститорите чија побарувачка во еден момент достигнала и 4 милијарди евра, што според неа е доказ за довербата во македонската економија. Димитриеска Кочоска вели дека македонската еврообврзница ја купиле познати инвестициски банки од САД, Британија и Германија кои веќе вложувале во македонски хартии од вредност, но и нови вложувачи како пензиски фондови. Таа смета дека е успех постигнатата рочност од 8 години, за разлика од претходните издавања на краток рок кои го зголемиле притисокот за враќање огромни долгови за само неколку години.

Со оваа еврообврзница, планирано е да се изврши исплата на еврообрзницата од 2020 година во износ од 700 милиони евра и се обезбедуваат средства за покривање на буџетскиот дефицит којшто е насочен кон реализација на развојните проекти. Министерката е задоволна од постигнатите каматни стапки. Вели дека тие се меѓу најповолните во регионот, а другите држави се задолжувале многу поскапо.

Издавањето на еврообврзницата е планирано во годинешниот буџет. Во текот на 2026 година, Министерството за финансии треба да врати надворешен долг од околу 890 милиони евра. Внимателното и домаќинско задолжување е направено бидејќи Министерството за финансии треба во следните 5 години да враќа долгови во вкупна вредност од 8,8 милијарди евра, направени од претходната влада.