„Рама во затвор. Ви дојде крајот“ – албанскиот премиер на мета на демонстрантите. Јајца и домати кон неговото возило, запалени контејнери и обид за насилно пробивање во парламентот. Протестите во Алабнија не стивнуваат, а незадоволството од владата повторно ескалираше. Инцидентот, по кој се приведени 12 лица, се случил додека Рама патувал кон Заливот Лалзи, каде што се одржувало Националното собрание на Социјалистичката партија. Во меѓувреме, за време на протестниот марш во Тирана, двајца демонстранти со метална шипка и камења се обиделе да ги искршат влезните врати на албанскиот парламент. Претходно, кон објектот биле фрлани камења, а на неколку локации биле палени контејнери за отпад. Полицијата интервенирала и поставила кордон околу институцијата.
Рама, пак, не отстапува од ставот дека неговото заминување од функцијата е нереално сценарио. Барањата за неговото насилно отстранување ги нарече илузија, а ги отрфли и обвинувањата за полициското насилство
„Илузија е моето отстранување со сила. Полициско насилство, извонредна урбана легенда. Во меѓувреме, ние остануваме единствената земја со инвертиран сооднос на повредени лица.“, вели Еди Рама, премиер на Албанија.
Протестниот бран во Албанија започна на 13 октомври. Студенти, млади и други незадоволни граѓани бараат оставка од владата, посочувајќи на корупцијата, недостигот од работни места и проблемите во образовниот систем. Но, барањат брзо прераснаа во пошироко антивладино движење, со обвинувања за социјална неправда. Беа запалени објекти на Министерството за образование, банки и други иинституции. Политичката криза во Албанија продолжува, а протестите остануваат сериозен предизвик за владата на Рама. Улиците на Тирана остануваат место на судирот меѓу незадоволните граѓани и власта.

