Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Нови проекти за инфраструктура и развој: Општините подготвени за вториот повик од владата за капитални инвестиции

Нови градинки, училишта, спортски терени, патишта, канализации. Градоначалниците се подготвени со проекти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови градинки, училишта, спортски терени, патишта, канализации. Градоначалниците се подготвени со проекти и за вториот дел од предвидените 250 милиони евра, кои Владата ги обезбеди под поволни финансиски услови за капитални проекти, со заемот од Унгарија. Вториот јавен повик на кои општините ќе може да аплицираат се очекува да биде распишан неделава, а до крајот на месецот, истиот треба да помине на владина седница. Градоначалникот на „Илинден“, Александар Георгиевски, вели дека за овој повик подготвуваат проекти во вредност од 2,5 милиони евра и очекува истите да се реализираат до крајот на годинава. Ќе се вложи во инфраструктура, доизградбата на училишта и реконструкција на спортски терени.

„Најголемиот дел од средствата ќе ги искористиме за реконструција и изградба на улици и патишта, значи предвидено е реконструкција на една од главните улици во Илинден. Едната веќе се реконструира започната е другата, се работи за улица „девет“. Еден од проектите кои сакаме да го започнеме годинава е доградба на основното училиште „Гоце Делчев“ во Илинден, со оглед на тоа што нашата општина расте и  бројот на ученици во училиштето се зголемува. Тоа е изградба на трибина на спортскиот комплекс во Илинден на спортскиот терен кој е во завршна фаза на реконструкција, ќе имаме терен со вештачка трева со сите стандарди на УЕФА и ФИФА“, рече градоначалникот на „Илинден“, Александар Георгиевски.

Владата повеќепати потенцираше дека парите се достапни за сите општини, откако претходно беше критикувана дека наводно ќе се фаворизираат само градоначалниците од власта. Потврда за ова е и општината Струмица, која и покрај неуспешниот прв обид, повторно аплицираше за средствата од унгарскиот заем.

Реклама

„Ние сме спремни да аплицираме и да соработуваме. Од оној повик кој го најави премиерот нам ни требало да ни следуваат односно аплицираме со проекти со вкупна вредност со 415 милиони денари. Најзначајните од нив се изградба на основен сообраќен режим околу новиот градски пазар. Ние во првиот повик аплициравме за нов градски пазар сега аплицираме за режим на сообраќај со потребните улици околу пазарот. Тука се потребни некои 49 милиони денари, како поголема сума од тие 13 проекти. Еден важен проект за општина Струмица е социјалната населба каде веќе првата фаза е во целост завршена, а втората е во реализација“, изјави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Инаку средствата како и во првиот јавен повик ќе се распределат преку шест министерства, кои ќе треба преку комисиите за евалуација да дадат амин за изведба на ваквите проекти. Во првиот јавен повик учествуваа 80 општини со дури 357 проекти. Од Владата тогаш соопштија дека високиот интерес само потврдува дека мерката за 250 милиони евра капитални инвестиции е оправдана и дека ова ќе биде историско високо ниво на инвестиции важни за локалната самоуправа со поддршка од Владата. Проектот е отворен за сите општини, вклучително и за Град Скопје. 

Љубиша Владимиров