Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Прилози

Нови пожари низ Македонија: Најкритично во Дојран, се евакуираат луѓе, критично и во кумановскиот и светиниколскиот регион

Нови пожари низ Македонија, најризично е во Дојран, се евакуираат луѓе поради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови пожари низ Македонија, најризично е во Дојран, се евакуираат луѓе поради силниот чад од кој не може да се дише. За среќа како што информираат од ЦУК, нема повредени, а пожарот кој избувнал во една депонија зафатил една или две куќи, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

-Ја користам оваа прилика да апелирам до сите граѓани или до сите лица кои што живеат во оние полунапуштени села, итно да се евакуаираат доколку слушнат дека во нивна близина има активен пожар, нека не чекаат огнот да дојде до селото. Освен доколку не е организирана одбрана на селото од страна локалните власти, од страна на локалните пожарникари, тогаш е пожелно да помогнат во спречувањето на огнот да навлезе во селото, вели Ангелов.

Покрај Дојран, меѓу најкритичните опожарени места низ државата се кумановскиот и светиниколскиот регион. Екипата на Алфа беше во селото Кокошиње, каде огнените јазици зедоа еден живот. Покрај пожарникарите на помош против големиот пожар се и мештаните, но и луѓе од други градови, со цел справување со огнот.

Реклама

-Ситуацијата е катастрофална, што да кажам, не знам што да кажам. Тука живееме, тука живееме, чуваме крави. Па пострашно е од вчера.

-Јас дојдов тука да помагам на црквата и сега немам можност и морам да гасам. Тие сме нема кој друг мора да гасиме

-Тешко е многу, се е овде опожарено, се е зафатено. И дење и ноќе од вчера се гаси и не може да се изгаси никако. Па има некои куќи, овде пет шест куќи се изгорени и човек има изгорен.

-Едно се гаси, еве доле се пали, значи продолжува пожарот, имаше авиони, имаше акција, гасеа нешто, но тоа што ќе се успее. Тука се стари куќи, горат, имаше пчели, пчелите горат, се запалија сандаците, пчелите летаат горат. Лошо, полошо нема.

Покрај од копно во Кокошиње на помош дојдоа и ер тракторите од Дирекцијата за заштита и спасување.

Од ЦУК информираат дека во државава има 14 активни пожари, а меѓу нив и два тешки шумски на планината Пониква.

Матеја Петровски