Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Нови одложувања и нови оправдувања за патот Кичево – Охрид

Нови милиони евра за решавање на стари проблеми. Владата допрва ќе распишува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови милиони евра за решавање на стари проблеми. Владата допрва ќе распишува тендер за компанија која ќе расчистува свлечишта на патот Кичево-Охрид.
Ова е најновиот изговор на власта, зошто и по 10 години, автопатот Кичево-Охрид не е изграден.

  • Дали чуствувате одговорност, откако екс-премиерот Ковачевски Ви порача да станете и да ветите дека во јануари ќе се вози по овој автопат? – Проблемите се проектантски и технички, од тој аспект, секој оној кој ќе се најде на позицијата министер, директор на ЈПДП, треба да седне со професорите, со деканот на градежен факултет и да ги решава овие проблеми. Од проблемите не бегаме и како што гледате, сите овие проблеми кои што се настани, денеска сме овде да ги предочиме пред јавноста и вас новинарите. – Изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тој вели дека не чуствува одговорност, бидејќи не бил нивни пропуст. За изградба се пробиени сите рокови, иако власта вети дека по овој пат, во јануари 2024 ќе возат автомобили.

  • „Затоа Благоја еве го тука, стани Благоја да те видат сите, дајте му поддршка, затоа што јануари 2024 година, по тој пат мора да се вози со автомобили, од Кичево, до Охрид“ – Истакна Ковачевски на партиски собир во ноември, 2022та.

Инжинерите, геолозите и градежниците кои работат на патот, појаснуваат дека се појавиле 13 свлечишта и оштетиле дел од патот, но, без јасно образложение, зошто тоа не било предвидено и превенирано.

Реклама
  • „Ваквите проекти, како што се вакви автопатски делници, во вакви тешки и сложени предели, се секогаш предизвик за секој, и за проектантот и за надзорот, и за изведувачот. Треба да дефинираме две работи. Изградба на автопат во поле и изградба на автопат во вакви услови е сосема различна работа“ – Појасни Бранко Волчевски од надзорот за изградба на автопатот.

Институциите со различни сфаќања за тоа, дали и уште колку пари ќе бидат потребни од буџетот за да се доврши патот.

Од ЈПДП велат дека се уште не знаат уште колку пари дополнително ќе треба за да се санира новонастанатата состојба. Министерот за транспорт и врски пак, Бочварски е уверен дека предвидените, скоро 600тини милиони евра биле доволно.

Засега патот Кичево-Охрид е пристапен само со теренски возила. После бројни одложувања и ветување рокови, не се знае кога конечно ќе се вози по овој автопат.

Никола Цветкоски