Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Нови објекти и похумани услови во затворите, најавуваат надлежните

Распаднати душеци, скинати ќебиња, пренатрупаност во ќелиите,  негрижа за здравјето на затворениците,…

Сподели:

Распаднати душеци, скинати ќебиња, пренатрупаност во ќелиите,  негрижа за здравјето на затворениците, рекетирање и корупција во македонските затвори. Со години сликата е ваква, а за тоа алармираа и меѓународните институции и народниот правобранител. Алфа пренесуваше и сведоштва од затворени лица за нехуманите услови и притисоците во затворите. Новото раководство најавува радикални промени, кои треба да стават ред,  но и ќе значат похумани услови за затворениците. Се најавува нов објект затворско одделение за мажи, ново притворско одделение и нови објекти за кујна и перална.

Директот на Упаравата за извршување на санкции, Пандов откри и дека наскоро осомничените нема да мора да се спроведуваат до судот, туку судница ќе има во склоп на затворот.

Во Макеоднија има случаи во затвор во една ќелија да се сместени по околу 20- ина затвореници. Голем проблем е токму пренатрупаноста, за која Пандов најавува дека ќе се решава со куќен затвор. Електричните алки по 10 години конечно ќе бидат ставени во употреба. Алката која во себе има џи-пи-ес предавател, заедно со друга опрема и пробациската служба, треба да гарантираат дека осуденото лице не го напушта домот и дека алката постојано е на него. Иако законот за пробација е во сила од 2016 и уште пред 4 години се набавени 400 алки, сепак досега искористени се само во шест случаи.

Реклама

Инаку со грант од 40 милиони европски пари кои владејачкиот двоец СДСМ и ДУИ  ги наследи од претходната власт се изградија полуотвореното и отвореното одделение во Идризово.

Комитетот за превенција од тортура и нехуман третман на Советот на Европа во извештајот за 2023 нотира дека состојбите во Идризово воопшто не се променети од 2019 и 2020. Како и претходните години така и ланската нагласени се физичкото злоставување од страна на персоналот и пролонгираната изолација на проблематичните затвореници. Тука не изостанува ниту високото ниво на насилство меѓу затворениците и нехигиенските и небезбедните услови. Дополнително, распространетата корупција на персоналот го поткопуваат исправното функционирање на затворот и тоа резултира со тоа најобесправените затвореници да бидат држени во најлоши услови. Се нотира дека здравствената заштита во затворите и понатаму е неадекватна, има недоволно персонал, слаба медицинска заштита и несоодветно менаџирање на затворениците зависници.