Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Нови 100-тина вработувања: Христијан Мицкоски соопшти дека е договорена нова странска инвестиција

Нови 100-тина вработувања, преку странска инвестиција вредна околу 8,5 милиони евра. Договорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови 100-тина вработувања, преку странска инвестиција вредна околу 8,5 милиони евра. Договорот за новата инвестиција е веќе готова работа, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Станува збор за компанијата Брејн-чајлд, која своите капацитети за производство на опрема за спортови на вода и ветер ќе ги отвори во индустриската зона во Битола.

-Имаме една нова инвестиција која што е веќе завршена и уште неколку кои што се во процес на завршување. Очекувам до крајот на годината и тие да ги завршиме. Ова е инвестиција на компанијата брејн чајлд вредноста е некаде околу осум и пол милиони евра. И очекувам таа да вработи околу 100-тина луѓе, изјави Мицкоски. 

Тие веќе го купиле земјиштето и почнуваат со изградба на своите производствени капацитети. Премиерот најави дека да крајот на годинава во Македонија може да се очекува промоција и на други странски инвестиции.

Реклама

-Веќе ја закупија парцелата во зоната Жабени, почнуваат да ја градат првата хала од 3.000 метри квадратни. Така да, во периодот кој што следи ќе бидеме сведоци на уште нови и успешни вести и очекувам бројот на странски инвестиции драматично да се зголеми до крајот на годината, изјави Мицкоски.

Една од главните цели на Владата е привкелување на нови инвестиции во државава, со цел отворање на нови повисокоплатени работни места и зголемување на животниот стандард во Македонија.

Ова е само една од серијата инвестиции во изминативе, нешто повеќе од три месеци. Претходно беше објавено дека во Македонија влегуваат Алказар Енерџи преку градење на ветерен парк, германско белгиската компанија Епсотех Аим, американскиот Вабтек, како и германската БМЗ, за производство на литиумски батерии.

Матеја Петровски