Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Нови 1.200 вработувања во здравството во првото тромесечје во 2025 година, на Инфективна Клиника фалат 100 вработени

Јавното здравство најдоцна до март ќе се зајакне со 1200 нови здравствени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното здравство најдоцна до март ќе се зајакне со 1200 нови здравствени работници потврдуваат надлежните.Министерот Таравари вели дека владиниот филтер за вработувањата е поминат, сега се е во рацете на директорите на јавните установи, да направат реорганизација колку и каков персонал им е најпотребен.Според директорот на Фондот за здравство, најнеопходни во системот се медиицнски сестри и болничари.

“Процедурите во влада поминаа, сега останува на директорите. На оние вработени кои имаа договори, тие им се продолжени за три месеци, за да не бидат отпуштени. Се работи за голем опфат од околу 1200 лица од среден медицински персонал и тие мора да поминат низ тестирања”, рече Таравари.

Конечната одлука за вработувањата дека нема да има трансформација на договрите на дело со закон.Туку сите ЈЗУ ќе имаат обврска да поднесат барања до МЗ и преку ФЗОМ до министерство за финансии да добијат согласност за вработувања во 2025 и тоа да се релазиира до 31 март 2025 како краен датумвели Сашо Клековски, директор на ФЗОМ.

Реклама

Ако ни се случи пандемија ќе нема кој да не лекува на Инфективна клиника има недостиг од 100 здравствени работници, обелоденија од Фондот за здравство. Фалат сите профили на работници од доктори до хигиеничари.Според директорот Клековски на оваа клиника треба итна интервенција.

Состојбата со инфектолози е критична на територијата на цела држава, бидејќи има многу мал интерес за специјализација по инфективни болести. Во повеќе болници сме останати со продолжување на договорите до 67 години..мораме со програма и мотивација на персоналот да обезбедиме ладен погон” – вели Клековски.

Раководството на Фондот за здравство уверува дека 2025 година ќе биде поуспешна од 2024 во областа на здравствениот систем.А кога станува збор за проширувањето на позитивната листа на лекови од таму велат дека се прават напори набрзо да има нови лекови на позитивната листа. Се размислува и оние лекови кои чинат од 50 до 100 денари, да се заменат со поскапи лекови, кои ќе бидат на товар на Фондот.

Ања Лукарова