Реклама

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Прилози

Новата забрана за ноќно фрлање отпад ќе почне да важи до крајот на неделата

Прво треба да се воспостави ред, а дури потоа ќе следуваат и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прво треба да се воспостави ред, а дури потоа ќе следуваат и казните. Ова е целта на новата мерка која предвидува забрана за фрлање отпад во периодот од 22 часот навечер до 6 часот наутро. Казните за прекршителите ќе се движат од 50 евра за физички лица, па сè до 1.300 евра за правни субјекти. Доколку се фрла опасен отпад што може да предизвика загадување или е потенцијална закана за јавното здравје, казната може да достигне и до 4.000 евра, велат за Алфа, извори од град Скопје. Мерката треба да стапи на сила во текот на неделава, откако ќе ги поминат сите административни процедури и ќе биде објавена во „Службен весник“ и „Службен гласник“. Во рамки на метрополата ќе делуваат околу 10 комунални редари на „Комунална хигиена“ и уште 11 од Град Скопје. Тие за почеток нема да казнуваат, туку само ќе опоменуваат. Директорот на „Комунална хигиена“, Митковски, за Алфа вели дека во наредниот период ќе разговара со градоначалникот Ѓорѓиевски за овозможување на поголеми овластувања за нивните служби, за па покрај опомени нивните екипи да можат и да пишуваат казни. Задача на комуналните редари ќе им биде да патролираат и да вршат увид, а каде ќе забележат неправилности или несоодветно третирање на отпад, веднаш треба да реагираат.

„Нивното работење нема казнив карактер. Оние немаат дозвола да казнуваат, нивниот учинок е само опомена. 05:49 Со градоначалнуикот треба да видиме да се направи една иницијатива, за овие луѓе да се овластат и се даде право да казнуваат, а не само да опоменуваат“, изјави Драган Митковски – директор на Комунална хигиена.

Митковски посочува дека во претпријатието затекнал катастфорална состојба и сериозен недостиг на возила и кадар. Механизацијата е застарена, неодржувана и недоволна за да се работи како што треба, функционирале едвај 15 до 16 возила, а сега е зголемена на околу 30 до 40 што пак подразбира и потреба од дополнителен број возачи.

Реклама

„Јас само можам да кажам дека оваа одлука ни значи нас, затоа што ќе регулира еден дел на третирање и одлагање на отпад, што нас ни претставува проблем. Поготово тој период ноќе кога контролата е многу намалена, се одлага таков неконтролиран и непрописен отпад и на нас ни прави тоа проблем“, изјави Драган Митковски – директор на Комунална хигиена.

Стојбата со хигиената во главниот град синоќа ја провери и премиерот Мицкоски, заедно со градоначалникот Ѓорѓиевски кои беа во вечерна обиколка во центарот на Скопје и Градскиот парк. Мицкоски посочи дека Скопје конечно почна да личи на метропола како што доликува. Улиците и плоштадите се чисти и полни со посетители и ја нема онаа лоша слика на која скопјани навикнаа. Во рамки на обиколката двајцата го посетија и местото кое некогаш беше Луна Парк, за кој Ѓорѓиевски вети дека наскоро ќе почне постапка за негова изградба.