Реклама
Македонија

Новата власт ќе ја решава пренатрупаноста во затворите во Македонија

Нов објект во Идризово за 500-тини затвореници како и изградената судница во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов објект во Идризово за 500-тини затвореници како и изградената судница во која не се одржа ниту едно судење, се очекува да се стават во функција откако ќе почне да се користи заемот од 25 милиони евра од Банката за развој што е одобрен уште пред 10 години, а претходната власт не успеа да ги искористи парите.

Владата на СДСМ и ДУИ иако неколкупати беше предупредувана од Советот на Европа, не го искористи заемот, со што пренатрупаноста во Идризово стана алармантна.

Управата за извршување на санкции, менаџментот во Идризово и министерот за правда Игор Филков месеци наназад прават напори да почне втората фаза од проектот и да се подобрат условите.

Реклама

Директорот на затворот Идризово Зоран Јовановски е оптимист во однос на посетата на Комитетот за превенција од тортура и вицегувернерот на Банката за развој коишто дојдоа во Скопје пред две недели. Тој се надева дека ќе дадат амин и ќе почне реализација на втората фаза од проектот со пари од милионскиот заем.

Јас сум оптимист мислам дека по посетата на затворот дадоа сигнали дека позитивно ќе не оценат и ќе може да отпочне новата фаза на проектот. За новата дозвола за изградба на Идризово постапката ја прави Управата за извршвање на санкции и се презема се за да се запаазат роковите”, вели Зоран Јовановски, директор на КПУ Идризово.

Јовановски појаснува дека откако е директор, тој презел се за да се санираат сите аномалии коишто ги уочиле од Комитетот и банката за развој при последните посети изминативе години.

Уште пред две и пол години, Европскиот комитет за спречување на тортура и Банката за развој од тогашната влада побарале да се искористи заемот и да се изградат нови објекти, но ништо од тоа не е направено.

Наредната 2023- констатирале алармантна ситуација во Идризово и пренатрупаност и повторно побарале реализација. Владата на СДСМ и ДУИ останала глува на барањата од Банката за развој и не започнала со изградба на објектот за стотици затвореници.

Претходната власт не внимавала ниту на рокот на важење на градежната дозвола. Според информациите од Управата за извшување на санкции,нејзината важност е истечена, па новото раководство аплицирало за нова во Министерството за транспорт и врски и постапката е во тек.

Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет, Советот на Европа години наназад апелираат на нехуманите услови во македонските затвори. Освен Условите во Идризово проблем е и дефицитот на чувари, па од ланската година војници на АРМ го обезбедуваат затворот.