Реклама
Македонија

Нова пумпа за прочистување на Дојранското Езеро

Нова колекторска пумпа денеска е поставена во близина на плажата Калдрма во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова колекторска пумпа денеска е поставена во близина на плажата Калдрма во населеното место Нов Дојран. Надлежните најавуваат подобра работа на колекторскиот систем за прочистување на езерските води.

– Ова е прва од неколкуте пумпи што ќе се постават на потегот од Нов до Стар Дојран, соопшти Јавното комунално претпријатие „Комуналец – Полин“ од Дојран.

Од претпријатието очекуваат да се реши проблемот со одведување на отпадните води до колекторската станица во Дојран.