За само една недела ставени се во употреба четири нови градинки на територијата на Македонија. После неколку децении, конечно Гевгеличани добија нова градинка која што може да згрижи 135 дечиња од тој реон. Новоизградениот објект чини 47 милиони денари. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека наскоро ќе бидат ставени во функција и други градинки кои се отпочнати со градење во 2024-та и 2025-та година.