Реклама

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Прилози

Нова ера за САД и за светот: Амбициозните планови на Доналд Трамп значат и најава за промени на глобална сцена

Нова ера за САД, но и за светот. Најавата на Доналд Трамп…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова ера за САД, но и за светот. Најавата на Доналд Трамп дека се враќа златното време на Америка значи и најава за промена на глобалната сцена.

Новинарот Дејан Андоновиќ за Алфа вели дека Трамп презентирал амбициозен план, па останува да видиме што од тоа ќе исполни во својот четиригодишен мандат.

-Со низа менувања на геостратегијата и внатре и во светот најави дека ќе го менува светот дека ќе ја направи Америка повторно голема, она негово ветување кое го имаше уште во првиот мандат. Едно е сигурно Трамп најавува дека ќе дојде до целосна промена на светот на подобро се разбира. Тој вчера почна и со некакви закани од типот на тоа дека нели вонредна состојба кон Мексико, ќе ги врати сите мигранти во Мексико, се повлекува од Светска здравствена организација, ќе видиме што ќе биде со НАТО, изјави Андоновиќ.

Реклама

На надворешен план една од главните цели на САД ќе биде свет без војни. Трамп порача дека не е убеден дека примирјето во Газа ќе се одржи, но најави дека неговата цел е да биде миротворец. Според него успехот на неговата администрација ќе се мери по однос на тоа кои војни ќе ги завршат и војните кои нема никогаш да се вклучат. Една од војните кои Америка сака да ги заврши е и руската агресија на Украина. Според Андоновиќ јасно е дека ќе следуваат разговори на оваа тема.

-Тој веќе им наложил на своите соработници да организираат контакти или комуникација и разговор со Путин. Ќе видиме, она што го гледаме сега сме во очекување да видиме кога, дали и како ќе разговараат и што ќе биде евентуален исход од разговрот. Можеби веќе и разговарале, нели во надворешната политика она што го гледаме во медиумите не е секогаш во „real- time, туку отпосле ги дознаваме. Едно е сигурно, неговиот мировен предлог е да запре војната до таму кој колку освоил, изјави Андоновиќ.

47-от претсетадаел на САД Доналд Трамп, кој беше и 45-ти, положи заклетва пред главниот судија на Врховниот суд Џон Робертс. Се заколна на две Библии, лична што му ја дала мајка му во 1955 година и историска користена на инаугурацијата на претседателот Абрахам Линколн во 1861 година. Заклетва положи и потпретседателот Џеј Ди Венс.

Матеја Петровски