Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Нов повик за инвертер-клими: првпат целосно електронско аплицирање – без редици, брза едноставна постапка

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување инвертер-клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година. Рокот за поднесување на барања изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот повик.

– Првпат процесот на аплицирање ќе се одвива целосно електронски, преку веб-страницата на Министерството, со што значително се поедноставува постапката за граѓаните. Наместо досегашното доставување документи во хартиена форма и чекање пред архиви, апликантите ќе може да го завршат целиот процес онлајн – брзо, едноставно и без непотребни административни бариери. Ова претставува конкретен чекор кон дигитализација и модернизација на јавните услуги, со јасна цел – институциите да бидат поблиску до граѓаните и нивните реални потреби. Начинот на аплицирање ќе биде детаљно објаснет и јавно достапен за да се обезбеди еднаков пристап за сите заинтересирани – велат од Министерството.

Јавниот повик се спроведува во согласност со програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година и предвидува доделување ваучери за набавка и вградување инвертер-клима уреди со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, со што директно се придонесува кон намалување на трошоците за енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата.

Реклама

Право на учество имаат домаќинства во кои живеат лица корисници на надоместок заради попреченост, како и домаќинства со деца со попреченост, кои користат посебен додаток до 26 години, при што се утврдени јасни доходни критериуми за 2025 година. При пресметката на вкупниот доход не се земаат предвид надоместоците за попреченост, со цел поддршката да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Право на учество имаат: домаќинства со лица корисници на надоместок заради попреченост, чиј вкупен месечен нето доход во 2025 година не надминува: 30.000 денари за едночлено домаќинство, 45.000 денари за домаќинство со два члена, 63.000 денари за домаќинство со три члена, 83.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена (во пресметката не се вклучува надоместокот заради попреченост). Право да учествуваат имаат и домаќинства со деца со попреченост (до 26 години), корисници на посебен додаток, со месечен доход во 2025 година до: 45.000 денари за домаќинство со два члена, 63.000 денари за домаќинство со три члена и 83.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена (во пресметката не се вклучува посебниот додаток).

Како што појаснуваат од Министерството, едно лице може да поднесе само едно барање од домаќинство, не се опфатени лица што користат цивилна или воена инвалиднина, корисници на гарантирана минимална помош и додаток за енергенти.

Аплицирањето ќе се врши исклучиво електронски преку платформата www.aplikanti.energy.gov.mk, каде што барателите ќе треба да поднесат комплетна документација, вклучително и изјава заверена на нотар, соодветни решенија за остварени права, лична документација и докази за составот на домаќинството. Доколку апликацијата е некомплетна, ќе се овозможи рок за нејзино дополнување во согласност со законските процедури.

Изборот на корисници ќе се врши врз основа на уредни и комплетни апликации сè до исцрпување на предвидените средства, а Министерството по службена должност ќе врши проверка на податоците преку надлежните институции. Листите на корисници и донесените решенија ќе бидат јавно објавени и доставени по електронски пат.

Јавниот повик со сите информации и рокови може да се најде на веб-страницата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини – https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-povik-za-dodeluvanje-na-potvrda-vaucer-za-kupuvanje-i-vgraduvanje-na-inverter-klima-uredi-za-zastita-na-ranlivi-potrosuvaci-na-energija-za-2026-godina.

Со овој повик, Министерството, како што нагласуваат, продолжува со конкретна поддршка за најранливите категории граѓани, истовремено вложувајќи во енергетска ефикасност, намалување на трошоците за енергија и подобар квалитет на живот.