Реклама
Македонија

Нов „филм“ од Ахмети: Ја уништил Југославија, не бил мачка, туку лав, ако излезел на улица не се враќал домао простор и време:

Али Ахмети повторно се заканува. Како и многу пати во минатото, лидерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Али Ахмети повторно се заканува. Како и многу пати во минатото, лидерот на ДУИ повторно се фаќа за национализмот како единствена сламка за спас. На брифинг со одредени одбрани медиуми, Ахмети во нов излив на национализам се пофалил дека тој ја уништил Југославија, не бил „претставник на мачки, туку на лавови“, и дека никој во Македонија не знаел подобро од него како се прави национализам. Во ист здив, тој најави и „план Б„ што останува недоречен, но беше придружен со реченицата дека ако излезе на улица немало да се врати дома. Најави и воведување нови, ригорозни услови за учество во евентуална идна Влада.

-Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981 – 2001. Но, слушнете го мојот говор на Конгресот, никогаш не сум се занимавал со ВМРО, СДСМ или ВЛЕН. Она што го имав за вазалите, им го кажав од 2002 до 2025 година. Тие не нудат одржливо решение. Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови, порача Ахмети.

Ахмети пред повеќе од 700 делегати на партијата предложи дека ДУИ ќе бара изборот на Владата да се гласа со 2/3 мнозинство со примена на Бадентер, односо да има мнозинство и од другите етнички заедници освен македонската.  Предлага бадентерово мнозинство и во Уставниот суд, а и продлаболчување на децентрализацијата и враќање на надлежностите и парите во локалните самоуправи за намалување на сивата економија.

Реклама

Според експертите, Ахмети, односносно целото ДУИ се наоѓаат во ќорсокак, од кој не знаат како да излезат – како да се изгубени во простор и време.

-Ахмети како лидер на политичката партија и самата ДУИ се наоѓаат во голем ќорсокак, не знаат како да делуваат во општеството, не знаат како да делуваат ниту во Собранието, бидејќи има конфликт на генерации. Луѓето што се акционери во ДУИ, се во Парламентот, имаат разлики со младината која е дел од раководството на ДУИ. Може да се каже дека Ахмети е изгубен и во простор и во време, изјави Љуљзим Фаризи за Алфа.

Ахмети на брифингот повторил дека нема намера да го напушти лидерското место во ДУИ, бил помлад од Доналд Трамп. Запрашан дали е ова негов последен мандат на чело на партијата, кажал дека „капетанот ќе го напушти бродот кога ќе стигне на брегот, а брегот не е на Илиденста“

Ова не е прв пат Ахмети да испраќа закани користејќи националистичка реторика. Претходно порача дека не прифаќал Македонците да биде аги, а Албанците слуги во државата, ДУИ ќе бил ураганот кој што ќе го спречувал тоа.

Национализмот го јавните натапи на лидерот на итнегративците особено се засилија, кога Артан Груби кој е во бегство од правдата во Македонија, заврши на црната листа на САД, поради сомнежи за сторен милионски во евра криминал. Покрај него во бегство е и поранешниот дирекртор на Лотарија, Прпарим Бајрами, исто така кадар на ДУИ.

Матеја Петровски