Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Нов бисер во судството: Додека да ја седнат пред судија, им отпатувала во Нов Зеланд – сега ја бараат за да и дадат покана

Наместо на обвинителна клупа, Билјана Стоимановска која се товари како дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо на обвинителна клупа, Билјана Стоимановска која се товари како дел од „Синџирот“ за даночни измами и перење пари, си ги спакувала куферите и заминала за Нов Зеланд. Додека обвинителството да побара одземање на пасошот, обвинетата го искористила моментот и ја напуштила државата.

Поради ова последните две рочишта се одложија да е одложат и судењето не може да продолжи.

На 18-ти септември обвинителот барал да и одземе патната исправа, да и забрани да го напушта градот и привремено да се јавува во судот. Барањето било прафатено, ама за џабе – бидејќи Стоимановска веќе била замината од Македонија.

Реклама
  • „На 20.09.2024 година советот има донесено решени во отсуство на обвинетата со кое го прифаќа предлогот на Јавниот обвинител и и ги определува сите три мерки за обезбедување присуство. По спојување на обвинителниот предлог со актуелниот предмет „Синџир“  на последната расправа во судот се легитимирал бранител на обвинетата, со уредно полномошно од родител на обвинетата, кој го извести судот за адреса на обвинетата, која уште пред да биде поднесен обвинителниот предлог се има преселено во Нов Зеланд“ велат од Скопскиот кривичен суд.

Од Кривичен во одговорот до Алфа, велат дека судот прави напори најбрзо да и се достави поканата за судење.

Стоимановска е дел од втората постапка на обвинителството во која дополнително на првите 19, беа обвинети 15 службеници од УЈП без кои немало да успее шемата со даночни измами. Од невладиниот сектор велат со оглед на тоа дека станува збор за скратена постапка, пропустите не може директно да се посочат.

  • „Пропустите за јавното обвинителство со оглед дека станува збро за скратена постапка каде што обвинетата можеби не знаела дека се води постапка против нејзе. Судот секогаш ја има опцијата на обвинетата да и се суди во отсуство па доколку се врати во определен период, ќе може да бара повторување на постапката. А доколку судот не донесе такво решение, другиот начин е да се покрене потерница по неа..“ вели Ивана Петровска од Коалиција „Сите за правично судење“.

Сега останува отворено и прашањето дали некој и ќе сноси одговорност за тоа што една алка од „Синџирот“ со измамите во УЈП не седна на обвинителна клупа досега.

Првично во премдетот беа обвинети 22 сопственици и директори на 19 фирми, кои со меѓусебно издавање на фактури за фиктивни стоки и услуги за помалку да платат или да не платат ДДВ, од почетокот на 2019 до крајот на 2021 година, го оштетиле буџетот за 8 милиони евра. 10-мина признаа вина, а тројца се во бегство по кои е распишана и меѓународна потерница.