Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Нов апарат за магнетна резонанца во поликлиниката Идадија во Скопје

Поликлиниката Идадија доби нов апарат за магнетна резонанца.Тој функционира од јули и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поликлиниката Идадија доби нов апарат за магнетна резонанца.Тој функционира од јули и досега биле закажани 476 термини, тоа значи дека дневно се снимаат по 9 пациенти. Апаратот е купен со сопствени средства на Здравствен дом Скопје, во вредност од околу 1,3 милиони евра.Директорот Исени вели дека со новиот апарат ќе се намали чекањето за магнет кај пациентите.

И според министерот Таравари, апаратот за магнетна резонанца е од голема важност за пацинетите и ќе помогне да се забрза дијагностиката.

Но горлив проблем во јавното здравство не е само термин за дијагностика, туку и читањето на резултатите. Во Здравствениот дом – Скопје веќе една година имаат систем за централизирано читање на резултатите.

Реклама

„Нам ни преостанува да овозможиме со дополнителен медицински кадар да работи и втора смена, за да се овозможи да стигнат до ваква здравствена услуга за која би можел да кажам дека е луксузна. Не би сакал да претерам, но најверојатно Македонија е земја во која најмалку се чека за да се направи магнетна резонанца, со која можеме да се пофалиме како држава“, кажа Таравари, додавајќи дека наскоро ќе има централизација на радиологијата низ државата.

Премиерот Мицкоски најави дека Владата и натаму ќе инвестира во медицинска опрема но и нови вработувања во јавното здравство.

Според Мицкоски, граѓаните се’ и ќе бидат главниот приоритет на Владата.Тој ветува дека ќе се работи посветено особено во здравството, за пацинетите да добијат здравтвена заштита каква што заслужуваат.