Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Македонија

Нивото на Охридското езеро на критично ниво – експертите загрижени, надлежните смируваат

Нивото на Охридското езеро се спушти под природниот минимум од 693,17  м.н.в.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нивото на Охридското езеро се спушти под природниот минимум од 693,17  м.н.в. и продолжува да опаѓа.Според последните мерења, нивото денеска изнесува 693.12 м.н.в што е на само на 2 сантиметри до минимално дозволената кота. Големи површини од езерското дно остануваат суви, предизвикувајќи изумирање на многу ендемични растителни и животински видови. Намалување на само еден сантиметар од нивото, значи губење на 3,5 милиони кубни метри од Охридското Езеро, кое е најголемиот природен басен со питка вода во овој дел на Европа.

“Крајно време е да почнеме да ги градиме тие акумулациски хидроцентрали дали ќе бидат тие под Црна река т.н проект Чебрен со 4 или 5 каскадни централи, но исто и вардарска долина стои како иден елемент за решавање каде што со изградба на брани водата што тече се користи како проточна и произведува електрична енергија.За сето тоа треба ниет и нормално треба пари” -вели проф. Константин Димитров

Наметнатите осцилации на езерото се опасни, проблем со кој се соочуваме долги години наназад. Никаде во светот природните езера не се користат за производство на електрична енергија -алармираат експертите, посочувајќи дека не се празни само Охридско и Песпанско, туку и вештачките езера како Мавровското.

Реклама

“Kај нас треба соодветно да се реагира и да се заштитат водните ресурси затоа што како што гледате ние имаме посебно за Охридското езеро голем интерес во однос на туризмот и не би смееле да дозволиме таква флуктуација во однос на водените ресурси на Охридското езеро “ вели професор Вангел Фуштиќ

Не смее Охридско езеро од природен резерват да го претвораме во акумулационен базен, децидни се нашите соговорници.

Од Електрани на Македонија пак уверуваат дека ја одржуваат котата на просечно ниво.

„Водиме сметка за минималната кота која изнесува 693.10 м.н.в и нема да дозволиме таа да се надмине. Токму поради сушниот период, подолго време, испустот на вода од Охридско Езеро на вливот на реката Црн Дрим е на ниско ниво. Во моментов, од испустот истекуваат само 3 кубни метри во секунда, што е количина исклучиво за обезбедување на потребниот биолошки минимум“, велат од ЕСМ.

Росица Голабоска