Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Прилози

Ниту птица може да прелета, ниту информација излегува што се случува зад затворената капија на Зоолошката градина

Зоолошката градина останува во целосен карантин. Ниту птица може да прелета, ниту…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зоолошката градина останува во целосен карантин. Ниту птица може да прелета, ниту има некаква информација што се случува внатре, зад затворените капии или пак, каква е состојбата со животните. Изминаа веќе две недели откако надлежните и ставија клуч на врата, како нулта точка од каде можеше да избие епидемија на птичји грип, а се уште нема никакви информаци дали заразата е искоренета или можеби некоја друга птица добила позитивен резултат за опасниот H5N1. Директорот Зоран Попов, како и зоолошката, бил на боледување, а портпаролката само кусо ни кажа дека со животните било се во ред.

Вратите на Зоолошката градина и денеска се затворени за посетители. Тоа ќе биде така и во наредните денови односно уште осум дена, до кога е рокот во кој што надлежните треба да расчистат со случајот“.

Угината слоница, жирафа, монголски коњи, лемури, антилопи, зоолошката градина е целонсо уништена. Од најразвиената и најпосетената во регионот до руинирана и со клуч на врата, една од најстарите зоолошки во Европа ги преживува најтешките години од своето речиси 100 годишно постоење.

Реклама

Граѓаните сметаат дека не се води доволно грижа за животните во Зоолошката и бараат одговорност. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека засега остануваат на сила и изречените заштитни и контролни мерки.

Мерките ќе бидат на сила 21 ден и истите се однесуваат на забрана за влез и излез на посетители во зооолошката градина, спроведување на мерки за дезинфекција и чистење на одгледувалиштето,забрана за влез и излез на други птици или цицачи без одобрение на официјален ветеринар, лабораториско тестирање на примероци од секоја сомнителна или угината живина, одржување на саеми изложби и други собири на живина или други видови птици на територијата на Град Скопје“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

На 19 октомври беше извршено хумано убивање на 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, откако беше потврдено присуство на птичји грип. Од страна на надлежен официјален ветеринар беше спроведен надзор и беа превземени мерки за следење на болеста. Од Институтот за Јавно здравје велат дека нема заразени луѓе со птичји грип. Досега беа тестирани само двјаца луѓе, едниот вработен во зоолошката, а втората била посетителка која сама барала да се тестира. И двата резултати се негативни.

Љубиша Владимиров