Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Ниту еден од петтемината сведоци – преживеани во кобната ноќ во „Пулс“ не дојдоа на рочиште

Ниту еден од петмината сведоци на Обвинителството не се појави на денештото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту еден од петмината сведоци на Обвинителството не се појави на денештото рочиште за трагедијата во дискотеката Пулс. За двајца од нив, психијатар ќе вештачи дали се во добра психофизичка состојбаа за да можат сведочат, двајца не можеле да ги најдат, па судот допрва ќе им прати покани, а еден студира во Бугарија и МВР не може да го најде.

Иако обвинителството претходно бараше двајцата сведоци кои имаат трауми, но и физички повреди, да ги повлече од листата, адвокатите денеска инсистираа тие да се појават на судење. Според одбраната, ако во истрага биле здрави и мижеле да кажат што се случило кобната ноќ, тоа можеле да го направат и после година дена. Дали ќе сведочат зависи од тоа што ќе каже стручњак за душевни болести.

Рочиштето сепак не пропадна. Се читаше исказ на сведок кој е иселен од Македонија уште во октомври 2024. Тој не бил критичната ноќ во „Пул“с, но претходно бил логистика и организација на бендот ДНК. Во истрага рекол дека Владимир Блажев Панчо бил задолжен за прскалките  за коишто е познато дека токму тие се причина за го предизвикување на кобниот пожар, и за сценските настапи.

Реклама

Немало огномети на сцена само во Кочани. Со прскалки и пиротехника настапувале ширум цела држава. Во локали и дискотеки,  во Штип, Гевгелија, но и во популарни клубови во Скопје. Настапувале на отворено небо, но и во затворен простор.

Според поранешниот организатор и логистичар на настапите на ДНК, пиротехничкиот материјал го пријавувале кај газдите и за негова употреба никој не барал дозвола од полиција. Клавијатуристот на бендот кој загина во пожарот, а понекогаш сведокот биле задолжени за вклучување на прскалките.

Од видеата што ги видел на социјалните мрежи, за време на пожарот прскалките му личеле поинакви од оние кои се употребувале во перидот додека тој работел за нив. Имало два вида на прскалки, едни со сигурно согорувале со топлина, но тој не може да процени какви прскалки се употребиле критичната вечер.

Судењето продолжува во понедечник со сослушување на последните сведоци на Обвинителство. Досега беа сослушани околу 30, дел биле внатре во Пулс, а дел од нив се од институции, министерства и општини.

Судкиот процес стартуваше во октомври ланската година и се уште е во доказна постапка. Станува збор за еден од најобемните предмети во амкеоднското правосудство. Има илјадници докази, 35 обвинети и три фирми. Сите се товарат за тешки дела против општата сигурност.