Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Ништо конкретно во Скопје: Македонските и бугарските историчари некаков договор ќе бараат во Софија

Ништо конкретно не е договорено меѓу македонските и бугарските историчари, повеќе очекувања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ништо конкретно не е договорено меѓу македонските и бугарските историчари, повеќе очекувања од следната средба во Софија. Се разговарало за 11-от век, за Охридската архиепископија, за утврдување на протоколи од претходните средби, кажа првиот човек од бугарскиот дел на комисијата Ангел Димитров. Сепак за некаков договор ќе мора да се чека нова средба.

-Денеска започнавме поконкретна работа, ги започнавме едни многу долго водени разговори до сега околу Охридската архиепископија во 11-от век. И бидејќи на нашите колеги им треба време да влезат во таа проблематика, решивме да ја оставиме за следната средба која што ќе биде во Софија, изјави Димитров.

Димитров изрази надеж дека ќе имаат подобра комуникација за разлика од претходната комисија.

Реклама

-Ништо не може да започне од почеток, веќе е направено многу работа и треба да го уважиме трудот на таа комисија. Се разбира ако има добра волја, се е возможно. Се надеваме дека ќе има, изјави Димитров.

Ова е прва средба на новата историска комисија од македонска страна која што ја предводи Ванчо Ѓоргиев. Покрај него нови членови се Митко Панов, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник емини и Димитар Љоровски.

Матеја Петровски