Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Нинџа од затворот во Штип, донесен во Скопје на разговор со Рускоска

Од затворот во Штип, кај Обвинителката Вилма Рускоска, Александар Василевски Нинџа обвинет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од затворот во Штип, кај Обвинителката Вилма Рускоска, Александар Василевски Нинџа обвинет за собраниските настани од 27 април, денеска имаше средба во обвинителството за гонење организиран криминал и коурпција. Нинџа кој е клучен сведок на обвинителството за наводните организатори на крвавиот четврток, не бил на поучување кај Обвинителката Рускоска што да зборува како сведок кога за неколку дена ќе треба да се појави во судница. Од Организиран велат дека дошол да даде исказ, оти му се заканувале затвореници.

„Александар Василевски е повикан во Обвинителството да даде исказ откако преку Управата достави известување дека добивал закани од другите осуденици од 27 април“ – велат од ОЈО за гонење организиран криминал за Алфа.

Алфа побара информации и од затворската Управа, извори оттаму ни тврдат дека Нинџа во Обвинителството бил спроведен по барање на обвинителката Вилма Рускоска. Но, не станувало збор за никакви закани во самиот затвор посочува нашиот извор од Управата за извршување санкции.

Реклама

Дoполнително се отвара правна дилема Нинџа и да имал закани од затвореници, зошто за тоа води постапка, обвинителството за гонење организиран кирминал, кога во нивна надлежност е предистрага или истрага единствено ако заканите доаѓаат од затворските полицајци или од некој вработен во затворот. За закани упатени од затвореници, правото предвидува постапката да ја водат основните обвинителства.

Александар Василевски Нинџа е осуден на 8 години затвор, неговата казна е меѓу најниските од 33 цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок. Според адвокатите на дел од обвинетите, исказот на Нинџа беше столбот на новото обвинение на Рускоска за организаторите на крвавиот четврток, за што им се суди на поранешните министри Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, екс директорот на УБК Владимир Атанасовски и поранешниот претседател на Собрание Трајко Вељаноски.

Катерина Гетева