Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Економија

Николсоки: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска е во работна посета…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска е во работна посета на општина Струмица каде што присуствува на Свечената седница на Општината по повод Денот на заштитниците на Струмица – Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

При средбата со градоначалникот тој истакна дека ЈП за државни патишта веќе го заврши проектот за една траса за експресниот пат кој поврзува Коридор 10 и Коридор Струмца во Бугарија, односно делот од Смоквица преку Валандово, Струмица, Ново Село и граница со Бугарија.

Министерот исто така кажа дека 14 инфраструктурни проекти се предвидени за општина Струмица со подршка на Владата, а најави и нови проекти за општината.

Реклама

– Би сакал да го честитам овој голем празник Денот на градот Струмица, да посакам многу здравје, среќа, бериќет, успех.  Би сакал да спомнам дека по завршување на локалните избори во интензивна соработка сме со градоначалникот и новата општинска администрација,  веќе бројни работи се придвижуваат. Најголемата и она што го ветивме е поврзување на Коридор 10 со  Коридор Струма во соседна Бугарија, односно изградбата на експресниот пат кој што оди од Смоквица преку Валандово, Струмица, Ново Село и граница со Бугарија. Проектот за едната траса ЈПДП веќе го заврши, а за втората траса е во напредна фаза и сериозно работиме на изнаоѓање на финансирање, изјави Николоски.

Посочи дека се работи на две поголеми улици, има уште десет кој што се во постапка за избор на изведувач и уште два проекта коишто се преку Министерството за животна средина.

– Има 14 големи проекти за старт на оваа локална самоуправа што мислам дека е нешто што Струмица подолго време го нема и ќе продолжи подршката на Владата, мојата лична  подршка и на премиерот да работиме на нови проекти во перидото кој што следи. Ние со градоначалникот сме во комуникација, ќе имаме посериозен работен состанок и ќе утврдиме приортети за пеиродот што доаѓа, изјави вицепремиерот Александар Николоски.