Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

Николовски во Унгарија: Оствари средба со министерот за економија, Мартон Наѓ

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николовски, во рамки на посетата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николовски, во рамки на посетата на Унгарија денеска оствари средба со министерот за национална економија на Унгарија, Мартон Наѓ.

На средбата се разговараше за движечките проекти на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, планираниот економски раст, нови инвестиции и актуелни политики. Се дискутираше и за економските политики на Владата на Унгарија и нивниот план за раст, како и за можностите за уште поинтензивна економска соработка меѓу двете држави.

Регионалните проекти во инфраструктурата и транспортот се заеднички приоритет на Македонија и Унгарија, како предуслов за забрзан економски раст и подобра поврзаност во регионот. Договорот „Влада со Влада“, потпишан меѓу Македонија и Унгарија, носи големи придобивки за граѓаните на двете земји, потврдија министрите.

Реклама

Односите меѓу Македонија и Унгарија се на одлично ниво и ќе се интензивираат во делот на економијата и инвестициите. Вицепремиерот Александар Николовски, на покана на премиерот на Унгарија Виктор Орбан, од вчера престојува во Будимпешта и присуствува на прославата по повод Националниот ден на Унгарија.