Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Економија

Николовски: Во тек е голем инвестициски циклус од неколку милијарди евра за патишта и железници

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски на министерски состанок во Вашингтон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски на министерски состанок во Вашингтон ги информирал колегите министри за, како што вели, градежната офанзива што во моментов се реализира во Македонија.

Според Николовски, државата спроведува инвестициски циклус вреден неколку милијарди евра, насочен кон развој на автопатската и железничката инфраструктура, особено на двата паневропски коридори – Коридор 8 и Коридор 10.

„Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра, ги развиваме автопатите и железницата на двата коридори“, наведува министерот во објавата.

Реклама

Тој посочува дека во тек е изградба и модернизација на повеќе автопатски делници, како и инвестиции во брза железница на Коридор 10 и железничко поврзување кон источниот дел од државата.

Воедно, со поддршка на Светска банка се работи и на модернизација на граничните премини со Албанија и Бугарија.

Николовски информира дека во соработка со партнери од Обединетото Кралство се планира и изградба на брза железница со брзина до 200 километри на час за патнички сообраќај и до 120 километри на час за товарен транспорт.

„Ја градиме Македонија“, порачува министерот во својата објава.